Поучна приказна: Брод на пријателството

poucna-prikazna-brod-na-prijatelstvo

Некој патнички брод за време на бура се превртил близу некој остров, така што единствените двајца преживеани биле двајца најдобри пријатели кои одлучиле дека немаат друг избор освен да му се молат на Бога да ги спаси.

Но, за да одлучат чија молитва е помоќна, одлучиле да го поделат островот на два дела и секој да се моли од својот дел.

Првата работа за која се молеле било храна. Па така, другиот ден на едната страна од островот се појавило дрво со овошки, а на другата ништо.

По една недела, оној кој го добил дрвото со овошки, се молел да има жена, па веќе следниот ден пак заринкал некој брод и единствениот преживеан била некоја жена која дошла право кај него. На другата страна од островот, пак ништо.

Набрзо потоа, истиот човек посакал облека, куќа, повеќе храна, па како за чудо следниот ден ги добил сите овие работи – на другата страна повторно ништо.

На крајот истиот човек посакал брод за да си оди од островот со жената, па следниот ден го чекало брод и тој решил да си отиде и да го остави другар му на островот, бидејќи го сметал за недоволно вреден штом Господ не му исполнил ниту една желба.

Наеднаш слушнал глас од небото: „Зошто го оставаш другар ти сам?“, а човекот одговорил: „Затоа што моите молитви си беа само мои, а на неговите молитви немаше одговор, што значи тој не заслужува ништо“.

Потоа повторно се јавил гласот: „Грешиш, ако јас не одговорев на неговите молитви, ти ќе немаше ништо од сè ова“. Потоа човекот го запрашал: „А, за што се молеше тој, што мора да му бидам толку должен?“.

Гласот одговорил: „Тој се молеше, да ти одговорам на сите молитви“.

Наравоучение: Треба да знаеме, дека нашите благослови, не се само плодови на нашите молитви, туку и на оние кои се молат за нас. Затоа, ценете си ги пријателите и никогаш не ги оставајте зад вас.

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Миа Костова за CRNOBELO лексикон: „Ме задеваа во основно, знаев да 'изедам' и некоја клоца“ „Ме плашат смрт, болест, загуба на блиски, ајкули, земјотрес…“ - Миа Костова се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg