Мудра приказна: Богатство за час живот
Еден човек работел цел живот и многу штедел, па собрал цело богатство, сонувајќи како еден ден кога веќе нема да работи, ќе го потроши на уживање...
...и на размислување како најдобро да ги вложи парите.
Одеднаш, пред него се појавил Ангелот на смртта кој дошол по неговиот живот.
Човекот заплакал, очаен и навел илјада причини за да може барем уште малку да поживее, но Ангелот не попуштал.
„Подари ми само уште три дена и ќе ти дадам половина од моето богатство“ – го преколнувал човекот, но ангелот ги игнорирал неговите зборови и го повлекол за раката.
„Подари ми само уште еден ден, те молам, и сето она што сум го стекнал со толку многу напор и пот ќе биде твое“.
Но, Ангелот воопшто не обрнал внимание на неговите зборови.
Човекот на крајот успеал да го убеди барем да го остави уште неколку минути за да напише една порака:
„Кој и да ја пронајде оваа порака, ако има доволно за живот, нека не губи време на собирање и трупање богатство, туку нека ужива! Јас со сето мое богатство не успеав да купам ниту еден час живот!“
Кога ќе умре милионер луѓето прашуваат: „Колку пари оставил?, логичниот одговор е: „Сè“