10 работи што ги правеа родителите во 1980-те, а за кои денес ќе бидат осудени од околината
Родителите одеа на викенди без децата и не се јавуваа на секој час за да ги проверат
Постоеше поголема слобода, па родителите ги оставаа децата кај нивните баби и дедовци преку викенд, и не се јавуваа на секој час за да прашаат како се, каде се, што јаделе, дали си легнале на време, дали се закашлале или нешто ги боли.
Денешните родители ако ги остават децата со баба и дедо на викенд, често поминуваат повеќе време на телефон во разговор со децата или со оние што ги чуваат, отколку што уживаат во викендот.
Наместо со заштитен фактор, децата на плажа ги мачкаа со масло за бебиња
Порано беше многу важно од одмор да се вратите поцрнети за сите да знаат дека сте биле на море.
А родителите, наместо креми со заштитен фактор, на децата им ставаа масло за бебиња и им велеа да се свртат на другата страна за околу половина час.
Децата денес се заштитени со SPF фактор, кремови, очила за сонце, капчиња и костими за капење со заштита од UV зраци, тенки блузи по долги ракави (ако имаат алергија), а од одмор некогаш се враќаат со ист тен (светол) како и кога заминале на летување.
Ги оставаа децата сами во автомобилот додека одеа во продавница
Порано родителите ги заклучуваа децата во автомобилот и им велеа да бидат мирни додека чекаат, за тие да отидат до маркет или да платат сметка и слично.
Денес, ако родител остави само дете во автомобилот, некој може да го пријави на социјалните служби или во полиција, за негрижа.
Децата одеа на училиште и кога беа болни
Родителите сметаа дека ако ги пуштаат децата на училиште додека им тече носот или поткашлуваат, тоа ќе ги очеличи. Само со висока температура се седеше дома.
Денес е многу поверојатно родителот да не му дозволи на детето да оди на училиште ако е малку настинато или ако се закашла, туку да го „остави“ дома за да се лекува.
Бебињата спиеја на стомак
Во 1980-те лекарите ги советуваа родителите да ги оставаат децата да спијат на стомак за да не се удават во сон, а покрај нив имаше куп играчки, цуцли, ќебиња...
Денешните бебиња спијат на грб, и најчесто, во потполно празни креветчиња за да не се удрат и повредат на некоја кукла што би била во креветчето покрај нив.
И скоро покрај секое креветче има аудио бебе-монитор за родителот да може да слуша дали детето спие или плаче, а некои родители поставуваат и камери.
Децата не беа ограничени во однос на филмовите што ќе ги гледаат
Родителите пуштаа ТВ (или изнајмуваа видео-касети) и гледаа хорори, акции, филмови со насилство, крв, голотија, а децата седеа покрај нив.
Денес постојат строги правила што е соодветно за гледање за секоја возраст, па некои филмови не им се дозволуваат на децата, ако родителот смета дека се насилни, крвави или прееротски за нивната возраст.
А. Ј. | Црнобелo / фото: Pinterest.com
Би можело да ве интересира:





