Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи што ги правеа родителите во 1980-те, а за кои денес ќе бидат осудени од околината

Порано родителите ги возеа децата без заштитни појаси и без специјални седишта, ги оставаа сами заклучени во автомобилот, им дозволуваа да си играат слободно надвор „додека е ден“. Кои постапки и одлуки на родителите во однос на помалите деца денес се навистина незамисливи? 

10-raboti-shto-gi-pravea-roditelite-vo-1980-te-a-za-koi-denes-kje-bidat-osudeni-od-okolinata-01.jpg

Родителите од 1980-тите се многу поразлични од денешните родителите. Она што им го дозволувале родителите на своите деца пред 40 години, сега е незамисливо (а за многумина и неприфатливо).

Дури и да им платите, денешните родители не би ги чувале своите деца на истиот начин на кои тие самите биле воспитувани и одгледувани во минатото.

Во тоа време, родителите им давале поголема слобода на децата и не биле постојано загрижени за нивната безбедност.

Уште поважно, никој јавно не ги осудувал нивните одлуки, како што е тоа често случајот денес со социјалните мрежи, а каде што секој си зема за право да коментира за другиот.

10-raboti-shto-gi-pravea-roditelite-vo-1980-te-a-za-koi-denes-kje-bidat-osudeni-od-okolinata-05.jpg

Во продолжение неколку носталгични (но и по малку застрашувачки) работи што ги правеа родителите во минатото - некогаш беа сосема нормални, а денес се недозволиви:

Децата мораа да изедат сè од чинијата

Порано се знаеше - сè што ќе се стави во чинијата мора да се изеде, во спротивно, детето не смееше да стане од масата.

Храната не смееше да се фрла, а не можеше ни да се пребарува, туку се јадеше тоа што е зготвено дента.

Денес родителите им даваат можност на децата да изберат што ќе јадат, се трудат секој оброк да е здрав и полн со хранливи состојки.

А ако на детето не му се јаде, ја остава чинијата полна на масата, па или јаде подоцна или воопшто не се враќа на масата.

Родителите им дозволуваа на децата да си играат слободно надвор додека да се стемни

Децата излегуваа од дома по појадокот и си доаѓаа дома само за да јадат, а до вечерта трчаа на улица со другарчињата - без мобилни телефони или начин родителот да ги најде во секој момент, бидејќи беше и побезбедно.

10-raboti-shto-gi-pravea-roditelite-vo-1980-te-a-za-koi-denes-kje-bidat-osudeni-od-okolinata-02.jpg

Ги возеа во автомобилот без заштитни појаси и седишта

Во тоа време се возеше помирно, автомобилите не беа брзи и бесни, а улиците беа многу попразни.

Децата дури и лежеа на багажникот или со рацете беа потпрени на него и гледаа што се случува на патот зад нив.

Денес е казниво со закон ако дете не е врзано со заштитен појас во автомобилот или ако не е во соодветно седиште зависно возраста.

Појадокот беше полн со шеќери

Родителите веруваа дека на детето му треба шеќер за да има енергија, па за појадок на децата им мачкаа маргарин со џем, еурокрем, бурек или некоја солена кифла.

Не се водеше грижа за хранливата вредност на храната, туку единствената грижа беше детето да е најадено и среќно.

10-raboti-shto-gi-pravea-roditelite-vo-1980-te-a-za-koi-denes-kje-bidat-osudeni-od-okolinata-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg