Дали и вие...? (3)
Во прилог е третото продолжение од интересни факти во главно од детството, во кои веруваме дека ќе се пронајдете барем во дел од нив.
Ако сакате да се потсетите на првиот и вториот дел може да ги пронајдете на следниве линкови: Дали и вие? 1 дел и Дали и вие? 2 дел.
1. Дали и вие како мали сте мижеле за време на љубовна сцена на филм?
2. Дали и вие како мали кога игравте Супер Марио на нинтендо го подигавте џоистикот и мислевте дека така Марио повисоко ќе скокне?
3. Дали и вие додека ја читате статијава го држите маусот и се потпирате на вашиот лев лакт?
4. Дали и вие мразите кога при голема нужда задникот ќе ви биде испрскан од падот на изметот во водата?
5. Дали и вие кога сте во WC прво се гледате во огледало и после 10 минути одите на шоља?
6. Дали и вие како мали го обожававте мирисот на свежото мелено кафе??
7. Дали и вие поминавте безброј неспиени ноќи само за да ја спасите принцезата на Марио Броз?
8. Дали и вие кога бевте мали го отворавте прозорот на бензиска станица бидејќи бензинот ви мириса убаво?
9. Дали и вие како мали на улица со рацете правевте „пиштоли‘‘ и си игравте Крадци и Полицајци?
10. Дали и вие како мали земавте од кујната што ви дојде при рака и изведувавте дека сте готвачи/готвачки?
11. Дали и вие како мали па дури и сега гумата за џвакање ја сметате за најдобар кусур?
12. Дали и вие како мали во кадата се учевте да „пливате‘‘ во водата како да сте на езеро/море?
13. Дали и вас мајка ви кога матела шлаг за торта на крај ви ги давала перките од миксерот да ги лижете?
14. Дали и вие кога сте биле мали сте ѕвонеле на вратите од комшиите и сте бегале?
15. Дали и вие купувавте смоки со играчки само заради играчката иако знаевте дека смоките внатре се гадни?
Ако се сетите на уште нешто, слободно дополнете во коментари. Му благодариме на Филип Бегоски за испратената статија.