Дали и вие...? (2)
Во продолжение на првите факти од кои во голем дел успеавме да се пронајдеме, Филип ни испрати надополнување на оваа листа.
Секако и вие сте тука во секое време да не дополните, доколку се сетите на нешто слично на долунаведеното:
1. Дали и вие како мали за време на тестови се заградувавте од сите страни за другите да не препишуваат од вас?
2. Дали и вие одржувате соло концерт под туш?
3. Дали и вие како мали сте го затварале полека фрижидерот само да видите кога ќе се изгаси сијаличката во него?
4. Дали и вие како мали сте ги ваделе малите налепници од бананите, портокалите и сте ги лепеле на чело?
5. Дали и вие кога разговарате на телефон со мајка ви, а сте заедно со друштвото тие дофрлуваат: фрли ја цигарата, дај ми го пивото... и дома сте јаделе ќотек заради тоа?
6. Дали и вие сте се обиделе со стрелката од маусот да избркате мува од мониторот?
7. Дали и вие имавте формула на педали?
8. Дали и вие како помали со чиниите возевте формула?
9. Дали и вие кога бевте мали пробувавте да се фатите за оградата од терасата, но бидејќи не можевте да докачите се поткревавте со помош на столица?
Му благодариме на Филип Бегоски за испратената статија.