Елена Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сите велат дека личам на Снежана“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Можат да ви потврдат и моите, бев многу умно девојче. Не се сеќавам на бељи.
17. Дали некогаш си се степала?
Сум се одбранила ако ме закачале, инаку немало такви работи.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Ми треба време да одлучам која страна беше лево, која десно.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Секое време досега ми носело своја убавина. Благодарна сум и за сегашноста.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Најголемите желби се бесплатни.
21. Од што се плашиш?
Болест, смрт.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Беше осмо кога јас бев петто во „Браќа Рибар“, беше кошаркар и многу се возбудував кога ќе го сретнев, сега сфаќам и зошто. Не знам каде е денес.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Се срамам ама ќе одговорам. Ве молам не ја гуглајте - „Искористи моје мане“!
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Ова е лесно, на патувања.
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома со моите. На второ место плажата Мулет Беј на Сент Мартин, Кариби, повторно со моите.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Колку си убава на телевизија, крупна, големка, вака во живо ти многу слабичка си била.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Немам, сè е веројатно така како што треба да биде.
28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Не ми се веруваше дека се случи.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Да одам со мајка ми и татко ми на гости додека децата пред зграда беа собрани за дружење.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Елена: Кој е најзабавен колега во редакцијата на CRNOBELO.com што сите ве весели дури и кога денот не е најдобар?
CRNOBELO.com: Па, колешките велат јас - Андријана, секогаш насмеана и подготвена за разговор. Ете, да бидам „скромна“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело