Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги заработив“

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Не ми текнува.

17. Дали некогаш си се степала?

Се срамам да кажам, ама еве ќе откријам - се степав еднаш со една од моите најдобри другарки.

Тоа беше тепачка како меѓу две сестри. Бевме малку лути, ама се смиривме и сега нашето другарство е уште поцврсто. Важно е простувањето.

18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?

Се трудам да не правам нешто поради што би се срамела. 

Вистинската дама се однесува исто и дома и на улица.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-08.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Интересно ми е времето на барокот, но не знам дали би сакала да се вратам во тоа доба.

Заради архитектурата, уметноста, сигурно да. Сепак не ги знам сите детали за начинот на живот во тоа време.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Животот е интересен кога постои нешто што посакуваме, а го немаме.

Има многу нешта што ги немам, а ги посакувам, но задоволна сум и благодарна на тоа што го имам.

21. Од што се плашиш?

Уф, не сакам да зборувам за моите стравувања. Ги има многу.

Но еве, се плашам од она што во моментов се случува во светот. Војни, крвопролевање, зошто?

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-18.jpg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Симпатиите се дел од нашето растење. Тоа е минато, а јас живеам во моментов и не сакам да се навраќам во минатото.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Песна чиј ритам и мелодија ќе ме покренат, ќе ја осетам и спонтано ќе заиграм е таа вистинската за мене.

Ретко „откачувам“, тоа не е во мојата природа.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Сите пари се добро потрошени. Неодамна си купив автомобил.

Тоа ме направи среќна затоа што си го купив од парите кои сама ги заработив.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-14.jpg

25. Кое е најубавото место на светот? 

Најубавото место на светот е онаа место каде што убаво се чувствувате.

Поминав подолг период во Истанбул. Воодушевена сум од тој космополитски град, неговата душа и неодолив шарм.

26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?

Комплиментите ме збунуваат, но ако се искрени се сепак пријатни.

27. Откриј ни една тајна...

Тајните ги чувам. И не ги откривам. Ако се открие, не е веќе тајна.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-16.jpg

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?

Не можам да се враќам назад. Тоа сум го заборавила.

29. Од што се срамеше најмногу во детството?

Не се сеќавам дека од нешто посебно сум се срамела.

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Илариа: Од каде идејата за називот CRNOBELO? Во реалниот живот сè е во нијанси.

CRNOBELO.com: Затоа што е едноставно, лесно за памтење и никогаш не излегува од мода, а планираме долго да бидеме тука.

ilaria-kirilov-za-crnobelo-leksikon-srekjna-sum-shto-si-kupiv-avtomobil-od-parite-shto-sama-gi-zarabotiv-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg