„Бев дете во 90-тите во Скопје и имав совршено детство, зошто денес родителството стана толку комплицирано?“

bev-dete-vo-90-tite-vo-skopje-i-imav-sovrsheno-detstvo-denes-nekako-se-stana-komplicirano-01.jpg

Во денешно време родителите како да станаа преоптоварени со правила и совети од експерти (буквално за сè, дури и колку пати во минута треба детето да трепне) до степен што заборавија да уживаат во родителството.

Преоптоварени со како МОРА да биде, со густи распореди, со 1.000 правила, со притисок врз самите себе до степен што стануваат нервозни, раздразливи од постојаното преиспитување на себеси и не уживаат во улогата на мајка/татко.

Да се биде мајка е најубавиот благослов... Тоа е да го делите животот со едно мало суштество, кое буквално е ваша лепенка и продолжеток, и ваше срце надвор од срцето, и е нешто што ви доаѓа природно, нешто што се прави онака како што се чувствува, нешто што треба да е исполнето со прегратки, бакнежи и спонтан тек на работите, а не нешто кое е предмет на некаква си наметната диктатура од актуелните трендови за родителство на Инстаграм.

И затоа секој пат кога ќе видам некое видео на социјалните мрежи какво беше родителството некогаш vs. какво е денес слатко се смеам и во глава ми се враќаат спомените од 90-тите години, односно годините во кои јас бев дете и од кои ги носам најубавите спомени.

На овие видеа родителите од 90-тите секогаш се претставени како играат и се задоволни затоа што нивното дете е наспано, најадено, има облека и покрив на главата и тоа е доволно за среќа.

Моите родители ми дозволуваа да јадам сендвич со ајвар и сирење, додека трчам во прашината и играм криенка со другарките и другарите од маало, ми дозволуваа да поминувам по цели денови надвор, да си гледам Том и Џери колку сакам, ми дозволуваа да бидам дете и да истражувам и да ги правам работите кои ги сакам.

Живеевме природно, спонтано и мислам дека добро испаднав. Дете кое одеше по натпревари уште од основно училиште по буквално сите предмети, дете кое само си го редеше ранецот со книги за наредниот ден и пишуваше и учеше веднаш штом ќе дојде од училиште без тутор на главата, дете кое беше „најодлично“ и во средно училиште и со најдобри поени на испитите на факултет, дете со совршени работни навики кои ме следат до ден денес... И не, гледањето на Том и Џери, Попај и сите тие цртани од детството не ми беше броено во минути, денот не ми беше според хитлерова диктатура и дека во иста минута морав да правам одредени работи.

Детството ми беше преубав период од животот и ми беше дозволено да бидам дете во буквална смисла на зборот.

Со другарките од детство се дружам до ден денес и со задоволство си зборуваме како игравме, цигарче, грабни стапче, сакате ли војска, народна, одбојка, брканица, јадевме локални производи, немавме 10 пара патики за разни пригоди, ниту нашите родители се бореа за титулата „најродител“ туку едноставно нè чуваа така како што природно им доаѓаше, во топол дом со многу љубов, искрени разговори и пред сè доверба еден во друг, и тоа ни беше доволно.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg