Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Моите родители ми се најголеми идоли.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Жена мачка.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Граница и асоцијации.
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
При една брканица со мојот братучед кај баба ми, паднав и си ја расеков брадата. Ме однесоа на шиење, а лузната до ден денес ја имам.
17. Дали некогаш си се степала?
Не, не сум се нашла во таква ситуација.
18. Што правиш во слободно време?
Гледам филмови/серии, поминувам време со мојата фамилија и најблиските.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Во 1980-тите.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Многу повеќе слободно време.
21. Од што се плашиш?
Најголем страв, би рекла, дека имам од ајкули.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Бисер балкански“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На мојата музичка кариера (песна/спот).
25. Кое е најубавото место на светот?
Дома, според мене е најубавото место и каде и да сум секогаш си копнеам по мојот дом.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Лара: Која песна ти враќа носталгија?
CRNOBELO.com: Има баш многу, и ептен ни доаѓа убаво на душата кога на радио ќе слушнеме некоја песна од Ерзана, Врчак, Студени Нозе, Нови дечки... Ама, во моментов, некако на сите ни е хит „Магија“ - но во наш микс. Кликни на линкот подолу за да дознаеш зошто:
https://www.instagram.com/reel/DBqr6kLsRl-/
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.