Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“

„Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се крена узбуна кај сум. Од страв не им кревав на телефон и кога дојдов дома го изедов подебелиот крај. Ова не е најголема беља, ама е најтрауматична“ - Таско се потпиша во нашиот лексикон.

tasko-za-crnobelo-leksikon-imav-potencijal-za-uchenje-ama-postojano-bev-vo-bunt-bez-prichina-so-profesorite-01.jpg

Скоро и да не постои некој од помладата генерација кој не слушнал барем една од песните на Таско, или некоја од неговите популарни соработки со Пајак, Слаткар, Теа, Малена...

Секогаш насмеан и полн со позитивна енергија, овој музичар искрено одговoри на прашањата поврзани со неговите омилени работи во животот, а ни откри и нешто што, можеби го знаат само неговите најголеми фанови.

Таско се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com: 

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Христијан Тасковски, а прекарот ми е Таско.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп? 

28 ќе пунам 29, роден 25.02.1996, Риба.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Омилена песна немам, а ако баш треба да бирам песна што највеќе се поистоветува со мене е „Животот е убав“ од Tonyo San.

Пејач и пејачка немам омилени сите се уникатни на свој начин.

tasko-za-crnobelo-leksikon-imav-potencijal-za-uchenje-ama-postojano-bev-vo-bunt-bez-prichina-so-profesorite-10.jpg

4. А омилена книга?

The Secret.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Глумец Роберт Дауни Џуниор, Анџелина Џоли, Iron Man (сите делови), Narcos.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Кошарка ми е омилен спорт, омилен клуб Лејкерс, спортист Коби Брајант.

tasko-za-crnobelo-leksikon-imav-potencijal-za-uchenje-ama-postojano-bev-vo-bunt-bez-prichina-so-profesorite-03.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам куче, расата му е Акита ину, и се вика Ада.

8. Кој ти е среќен број?

Не знам.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Тоа што сум денес.

tasko-za-crnobelo-leksikon-imav-potencijal-za-uchenje-ama-postojano-bev-vo-bunt-bez-prichina-so-profesorite-12.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак, а која ти е омилена храна?

Виски. А од храна тенка е борбата помеѓу добар бургер и пица.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Кољо. Се знаеме повеќе од 13 години, и денес ми е кум.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Не бев некој сјаен ученик.

Мислам, имав јас потенцијал само не сакав да учам, и константно бев во некој бунт без причина со професорите.

Од оваа гледна точка сфаќам каков идиот сум бил.

Омилен предмет ми беше Физичко.

tasko-za-crnobelo-leksikon-imav-potencijal-za-uchenje-ama-postojano-bev-vo-bunt-bez-prichina-so-profesorite-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg