Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Татко ми.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Микеланџело од Нинџа желките.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Баскет, жмурка, шуто дупе, долга магарица.
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Памтам дека ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку и се дигна узбуна кај сум.
Од страв не им кревав на телефон и кога дојдов дома го изедов подебелиот крај.
Ова не е најголема беља, ама е најтрауматична.
17. Дали некогаш си се степал?
Не.
18. Што правиш во слободно време?
Гејмам, пишувам текстови, шетам на места каде што нема многу луѓе.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Па, од мојата 14-та до мојата 18-та година. Средно школо.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Сè што имам дошло во право време, така што не знам што сакам да имам.
Би сакал да имам здравје, највеќе јас и моите блиски, зашто само тоа не се купува со пари.
Другото може да се оствари ако си здрав.
21. Од што се плашиш?
Од тоа што не го гледам.
22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Имав една симпатија и го памтам името ама не е убаво да го кажувам.
Не знам што прави во животот, ама се надевам дека сè ѝ иде ко подмачкано.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
„Кирјана вино продава“.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Кога го купив микрофонот за настапи. Се чувствував најисполнето и најсреќно на цел свет.
25. Кое е најубавото место на светот?
Од сите места каде што сум бил, најубаво ми било во Швајцарија.
Тоа се пејзажи како од сликовница.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Таско: Што е потешко кило пердуви или кило железо?
CRNOBELO.com: Кило си е кило, ама ако ти падне врз нога ќе знаеш ха, ха, ха.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело