Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Тоа е дефинитивно мојата мајка, жена со срце големо како планина.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Тоа би бил мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожавам лудориите во секојдневниот живот на тоа дуо кое израсна многу генерации.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Жмурката ни беше една од главните игри, кога во тоа време се собиравме дури и 30 деца од две маала, а една рунда знаеше да трае и до еден час, додека да се најдеме сите.

Секако, тука би го ставил и играњето џамлии, во кое можам да кажам дека бев профи.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-14.jpeg

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Кршењето на дрвото цреша кај мојот комшија, во моментот на акција кога ги беревме црешите како деца ха, ха, ха. Потоа моите дома ми одржаа лекција. Главно сум бил мирно дете.

17. Дали некогаш си се степал?

Како деца во училиште да, за некои банални работи. Сепак не знам тоа и дали може да се нарече тепачка, затоа што сепак сме биле деца.

18. Што правиш во слободно време?

Обожавам да тренирам во теретана, затоа што знам дека му правам добро на моето тело, физички и психички.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Тоа би било во ’70-тите или ’80-тите години од минатиот век, бидејќи тогаш била ценета и вистински вреднувана квалитетната музика и квалитетните пејачи, за разлика од денес.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-03.jpg

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Во блиска иднина конечно да издадам свој прв студиски албум.

21. Од што се плашиш?

Единствено се плашам да не им згрешам на луѓето, без разлика за кој станува збор, бидејќи пред сè треба да бидеме луѓе во вистинска смисла на зборот.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Тоа беше едно девојче кое не е од нашата држава, а за која дознав дека пред некое време дека се омажила и има детенце.

Ѝ посакувам се најубаво во животот на неа и на нејзиното семејство.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-12.jpeg

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Тоа е песната Sacuvaj tajnu од Душан Костиќ.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Тоа се дефинитивно моите песни и спотови, за кои сметам дека се најдобро инвестираните пари во мојот живот, сега за сега.

25. Кое е најубавото место на светот?

Малдиви, со песочните плажи и тиркизната боја на океанот.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-16.jpeg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Мартинијан: Дали би ми пружиле поддршка за мојата нова песна, која би требало да излезе некаде околу Нова Година?

CRNOBELO.com: Секако, секогаш ја поддржуваме домашната музика и нашите изведувачи и едвај чекаме да слушнеме што си ни подготвил.

martinijan-kirilovski-za-crnobelo-leksikon-majka-mi-mi-e-heroj-zhena-so-srce-kako-planina-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg