„Мора да јадеш леб“ и уште 6 (застарени) навики со кои родителите нѐ излудуваат

Постарите сѐ уште веруваат дека ќотекот е излезен од рајот, дека старите и дотраени предмети не треба да се фрлаат, зошто не знаат кога ќе им требаат. Кои навики на повозрасните денес ни изгледаат смешно?

so-sekoj-obrok-mora-da-ima-leb-i-ushte-7-naviki-shto-sme-gi-nauchile-od-roditelite-a-se-smeshni-za-pomladite-generacii-01.jpg

Денешните деца живеат сосема поинаков живот, што во голема мера се разликува од животот што ние го живеевме како деца во 90-тите.

Тоа ни е јасно на сите, и тука не зборуваме само за мобилната технологија и брзиот пристап на информации.

Нашите родители, ги повторуваа работите што ги научиле од нивните родители, а факт беше дека воспитувањето од периодот на социјализмот оставило траги и врз нив, но и врз нас.

Во продолжение да погледнеме неколку навики што сме ги стекнале под влијание на родителите, а денес се смешни за помладите генерации (па понекогаш дури и нас не нервираат):

Со секој оброк мора да има леб

Помладите генерации знаат дека лебот не треба да се јаде со секој оброк, а денес во продавниците има голем број различни видови леб (бел, црн, од цело зрно итн.).

Во минатото, вообичаено беше со секој оброк да се јаде леб.

Доказ за тоа е што кошницата со леб се вадеше дури и кога се јадеше тестенини или компир.

so-sekoj-obrok-mora-da-ima-leb-i-ushte-7-naviki-shto-sme-gi-nauchile-od-roditelite-a-se-smeshni-za-pomladite-generacii-02_copy.jpg

Одеднаш се купува и се готви големо количество храна

Денес ретко кој од помладите генерации оди да набави храна за цел месец однапред, но мора да признаете дека тоа и до ден-денес е навика на оние повозрасните.

Се знае, платата стига на први, а потоа веднаш се оди во маркет и се пазари (и тогаш маркетите најчесто се преполни со пензионери и повозрасни лица).

За празниците и за гости секогаш се приготвуваат огромни количества храна, која многу често нема да се изеде, па завршува во корпата за отпадоци.

so-sekoj-obrok-mora-da-ima-leb-i-ushte-7-naviki-shto-sme-gi-nauchile-od-roditelite-a-se-smeshni-za-pomladite-generacii-03.jpg

На лекар се оди само ако те боли нешто

На помладите им е јасно дека на лекар треба да се оди и за да се направат превентивни прегледи, додека во минатото праксата била да се посети болницата само ако имате вистински проблем.

Голем број луѓе што растеле во 90-тите и до ден-денес немаат навика да одат на лекар, токму заради тоа што како деца им било всадено дека таму се оди за да ти стават инјекција или ако нешто те боли.

so-sekoj-obrok-mora-da-ima-leb-i-ushte-7-naviki-shto-sme-gi-nauchile-od-roditelite-a-se-smeshni-za-pomladite-generacii-04.jpg

Не фрлај ништо – не знаеш кога ќе ти притреба

Сите по дома имаме по една фиока со ситници, но повозрасните имаат навика да ги чуваат и старите и дотраени предмети затоа што никогаш не знаеш кога може да ти притребаат (за резервен дел).

Сите знаеме дека во домовите на постарите може да се најдат купишта тегли и капачиња, стари и поткршени садови, стара облека што никогаш нема да ја облечат – но ете, никогаш не знаат кога може да им се најде.

so-sekoj-obrok-mora-da-ima-leb-i-ushte-7-naviki-shto-sme-gi-nauchile-od-roditelite-a-se-smeshni-za-pomladite-generacii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg