Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“
- Детали
- петок, 14 јуни 2024
„Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одамна. Би било интересно кога би се сретнале сега да видам дали сè уште ќе го почувствувам она детско срамење“ - пејачот Даниел Данн се потпиша во нашиот лексикон.
Пејачот Даниел Данн вели дека од 2012-та година наваму секоја година слави 25-ти роденден.
За родителите вели дека му се идоли бидејќи се луѓе кои му ги пренеле најважните животни вредности.
Данн ни раскажа и за неговиот самојед Бруно кој ќе полни 91 година, кој лик од цртаните би сакал да биде и на која песна откачува во кафеана.
Прочитајте што напиша во Лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Даниел (Данн)
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
25 од 2012-та. Роден сум на 26 февруари 1987, во хороскоп сум Риби со подзнак Лав.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Can’t Get You Out of my Head од Кајли Миног.
4. Омилен филм, серија?
Филм е If Only, а од серии има многу ама најчесто оние кои се со комична содржина.
5. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Секогаш навивам за Македонија, па дури и кога не учествува, ха, ха.
6. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам самојед, Бруно. Сега е веќе дедо Брунислав, кој годинава ќе полни 91 година.
7. Кој ти е среќен број?
8.
8. Кој ти е омилен виц?
Сите оние кои не излагаат од моја уста. Едноставно, немам талент за вицеви.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Отсекогаш знаев дека сакам да се занимавам со музика, неважно дали на сцена како изведувач или во студио како автор.
10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Пијалак: вода. Храна: пица, чизкејк.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам мал круг на „најдобри“, а дружбата е околу 15-20 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Одличен ученик кому омилени предмети му беа хемија, физика и музичко.
Даниел е втор од лево