Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“

13. Кој ти е идол, а да не е позната личност?

Малку клише одговор, ама дефинитивно родителите. Благодарен сум за пренесените вредности.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Дори од Finding Nemo.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Криенка, брканица, Супер Марио, Final Fight, тетрис

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-08.jpg

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Имам скршено шофершајбна на автомобил со камен.

17. Дали некогаш си се степал?

Како дете да, најчесто со брат ми.

18. Што правиш во слободно време?

Немам слободно време. Кога успевам да најдам барем малку време да сум без никаква обврска се обидувам да не мислам на ништо (не дека ми успева).

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-05.jpgДаниел е петти од лево

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Повеќе би сакал да се катапултирам кон иднината, да речеме во 2525 година.

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Ранч со многу животни.

21. Од што се плашиш?

Од губење на драгите луѓе.

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-06.jpg

22. Кој ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Секако, првата симпатија ми беше уште од школските клупи, ама реално се немаме видено многу одамна.

Би било баш интересно кога би се сретнале сега, да видам дали сè уште ќе го почувствувам она „срамење“.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Не сум многу кафански настроен, ама се солидаризирам со друштвото и не ми е проблем да откачам на песна и која не ја знам ако ме понесе во моментот.

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-02_copy.jpg

24. Најдобро потрошени пари во животот?

На секое патување и музичка опрема.

25. Кое е најубавото место на светот?

Покрај саканите.

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-03_copy.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Даниел: Што е црно, а што бело?

CRNOBELO.com: Еурокрем? Шах? Ние, цели 16 години.

pejachot-daniel-dann-za-crnobelo-leksikon-eden-den-bi-sakal-da-imam-ranch-so-zhivotni-03_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg