Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“

13. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Џесика Рабит.

14. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Во детството сакав многу плочка и игравме ластик.

15. Најголема беља што си ја направила во детството?

Долго размислував за ова, но навистина не можам да се сетам.

Ние бевме примерни деца, беа релативно строги нашите родители и просто не можам ни да поверувам дека не сум направила некаква беља.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-02.jpg

16. Дали некогаш си се степала?

Искрено никогаш не сум се степала. Како помала не сум имала некоја причина или ситуација.

А на повозрасни години имало неколку ситуации, ама во тоа време веќе бев јавна личност и луѓето ме знаат, па затоа на два-три пати сум се воздржала да не правам циркузијади за да не ме пишуваат во медиуми.

Од оваа дистанца не знам дали постапив правилно, но важно е дека се немам степано.

17. Што правиш во слободно време?

Во слободно време читам. Ако нешто сакам, тоа се книгите, иако сега немам време како порано и мислам дека нешто мора да сменам.

Филмоман сум, не сакам многу серии, но гледам филмови и можам да ви дадам рецензија на многу филмови од Netflix.

Го редам и прередувам гардероберот зашто сум постојано во некакво движење, сликање, па најголемиот одмор ми е кога ќе се ‘испружам’ со моите две мачки. Тоа ми е најубавиот начин да искулирам.

18. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Јас сум задоволна од своите години и ‘капирам’ дека секое доба си има своја убавина.

Можеби би се вратила во детството кога сум била безгрижна, без никакви проблеми и стресови, кога сум ги имала родителите коишто се грижеле за мене, животот во Шведска. Нешто веројатно од тој период.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-08.jpg

19. Што немаш, а би сакала да имаш?

Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море.

20. Од што се плашиш?

Единственото нешто што ме плаши е болест.

21. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Се сеќавам на еден Сашо што живееше во Шведска, а сега мислам дека живее во Америка.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-03.jpg

22. На која песна откачуваш во кафеана?

Најмногу сакам да ги слушам песните од Тома Здравковиќ во кафеана, посебно „Svirajte noćas samo za nju“ или „Evo već je jesen“. Тоа се некои песни на кои сакам да се забавувам.

23. Најдобро потрошени пари во животот?

Најдобро потрешени пари се парите дадени на патувања, тука нема никаква дилема.

Колку повеќе трошиш пари на патување, толку повеќе добиваш, учиш и уживаш во некој нов начин на функционирање, запознаваш нови луѓе, традиции.

Со трошењето на пари за патувања секогаш си во добивка.

24. Кое е најубавото место на светот?

Знам дека на ова прашање ќе очекуваат да напишам некоја од оние светски дестинации каде што сум била, и ако почнам да гледам така, каде е најубаво кај што сум била, просто нема шанси да се одлучам.

Но, за мене најубаво место е куќата во Виниче, онаа куќа во која што кога ќе отидам, ме потсетува на моите родители, на едно убаво дружење, на еден мир, спокој, некаде каде што може да се одморам и да бидам сама со себе, па за ниедно друго место не би ја сменила и не можам да кажам дека е подобро од тоа.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-099.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Лила: На која светска ѕвезда би сакале да ѝ ги прaтите прашањава од лексиконот?

CRNOBELO.com: Хмм... Не е светска ѕвезда, ама е еден - Папата Франциск.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Ако имаш проблем - моли му се на Бог, ако немаш проблем - моли му се на Бог Во животот секој од нас има миг во кој се соочува со проблеми и предизвици. ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg