Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“

16. Најголема беља што си ја направил/а во детството?

Сакате да ви дадам број од мајка ми да се изнаслушате? Од паѓања, до бегање од часови во прво одделение, до губење на Охридско Езеро 12 часа… итн итн итн …

17. Дали некогаш си се степал/а?

Секако, ифрит дете бев што сака правда. До ден денес ми е тоа проблем. Калуѓери.

18. Што правиш во слободно време?

Двор, животни, книги. Филмски живеам. И возам со гласна музика, тоа ме опушта.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал/а да се вратиш?

Сите до едно од почеток до крај, костимограф сум во срж многу сакам да го изгледам целиот процес.

20. Што немаш, а би сакал/а да имаш?

Смарагд од 20 карати.

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa06.jpg

21. Од што се плашиш?

Од неизживеан живот.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ме утепаш сега не знам кој е, каде е, ама на емоциите се сеќавам.

23. На која песна откачуваш во кафана?

„Личиш на мога оца“ од Цеца и цел Ју репертоар од 90-тите, многу кафани имам кречено.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

10 евра за тарт од малини и ванила во Монако, уште го имам вкусот и мирисот во меморија.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома, покрај оние кои ги сакаш.

26. Што би го прашал сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com), а ние ќе ти одговориме.

Ивана: Што е тоа што ќе го спаси светот?

Crnobelo.com: Повеќе љубов, а помалку политика. Повеќе разбирање, сочувство или емпатија, а помалку себичност. И секако, поголема грижа за сопственото здравје и добросостојба, отколку само за материјалните нешта во светот.

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa09.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Ивана во продолжение:

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa05.jpg

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa07.jpg

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa08.jpg

ivana-knez-za-crnobelo-leksikon-kako-dete-sum-se-zagubila-na-ohridsko-ezero-12-chasa10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg