Марис за CRNOBELO лексикон: „Омилени игри ми беа џамија, штркот бара боја и ластик“

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Немам таков.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Не сум размислувала. Можеби The Fairy Godmother од Shrek. Имаше напивки за сè и тоа ми беше многу интересно.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Џамија, штркот бара боја и ластик.

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Има многу, но еве една: Во на баба ми маалото имаше пекинезери, едно мало кутре со мајката. Беа во еден двор, а мене толку ми се бендиса тоа малото, што влегов и го зедов.

Братучед ми ме чекаше пред дворот, па го однесовме кај баба ми и ѝ кажавме дека сме го нашле изгубено. Ја премоливме да го задржиме, а таа ни кажа ако ја исчистиме цела куќа убаво и ако го избањаме, ќе го задржиме.

Ние чистевме цел ден, измеќаревме, бришевме прашина и уште што ли не. Па го избањавме и таман седнавме да си играме, дојдоа луѓето - нè виделе и нè нашле, па си го побараа назад кутрето. Ни кажаа „Фала што ни го избањавте“.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-07_copy.jpg

17. Дали некогаш си се степала?

Да.

18. Што правиш во слободно време?

Скролам на ТикТок или читам книга (навечер).

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Во 2017, 2018 година.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Куќа на Хаваи.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-04.jpg

21. Дали досега си била вљубена и во кого?

Да, во Пане, кој ми е сопруг.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Не кажувам. А знам.

23. Се сеќаваш ли на првиот бакнеж? Каков беше?

Се сеќавам. Онака, како прв бакнеж.

24. Како ти се викаше првиот дечко?

Лазе.

25. Која песна те потсетува на него?

Немам таква.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-06.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?

Марис: Кои статии или рубрики ви се најчитани (или насловот на таа која ви е најчитана)?

CRNOBELO.com: Зависи од периодот, но најчитаните статии можеш да ги видиш во „Најчитани неделава“.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg