Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат
Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со интернет и социјални мрежи, но мора да признаете дека лудо се забавуваме и со фиксните телефони. Нешто што денешните деца не можат да го сфатат.
Фиксните телефони денес во поголемиот број домови служат за украс и ретко кој ги користи, па воопшто и не зачудува фактот што голем дел од нив остануваат збунети ако го слушнат неговиот звук.
Но, за оние генерации што растеа во времето пред да излезат мобилните телефони, фиксниот телефон со кабел, или без кабел, знаеше да биде неверојатен извор за забава.
Се сеќавате дека дури и во училиште нѐ учеа дека на броевите за интервенции не треба да се јавуваме и да се зафркаваме, нели!?
Во продолжение неколку работи што ги правевме како деца со фиксните телефони:
Да се јавуваш на 95 за да дознаеш колку е часот
Да ѕвониш на импровизирани броеви и да им спушташ на луѓето од забава
Да му ѕвониш на симпатијата и да му спушташ, само за да му го слушнеш гласот
Твоите да купат индикатор за телефонски броеви за да дознаат кој ѕвони и спушта постојано
За да не те фатат како се јавуваш по непознати, да одиш од говорница за да се шегуваш со луѓе
Да вртиш упорно за да те вклучат во емисија во живо за да играш „Изимизија“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





