Фиксен телефон, џамлии: Ретро фотографии кои ќе ве потсетат на детството и ќе ве направат носталгични
Немаше паметни телефони, туку само фиксни, се играше со џамлии, пластелин, топка, се јадеше маст и леб, се испраќаа честитки за Нова година... Погледнете ги фотографиите кои ќе ве навратат назад во детството и ќе ви го стоплат срцето.
„Немавме интернет, Фејсбук и паметни телефони, ама имавме среќно детство“... Ова е реченицата која со сигурност ќе ја слушнете од постарите.
Генерацијата на 90-тите е можеби и последната која детството го поминуваше низ игра, надвор, без влијание на социјалните мрежи и другите медиуми.
Многумина ќе речат дека во тоа време се живееше поедноставно, но сите беа среќни.
Постоеше социјален живот, соседите се почитуваа, секој секому му помагаше, луѓето немаа многу, но беше доволно за сите.
Децата времето го поминуваа надвор играјќи разни игри, а вистинско уживање беше на зима кога ќе паднеше снег.
Во летните денови пак, сите беа постојано надвор и многу често се случуваше да се јаде на улица.
Сендвичите со путер или маст, наросени со вегета или црвен пипер беа деликатес.
Се играше со џамлии, се собираа салфетки, се испраќаа честитки за Нова година....