Носталгија за едни минати времиња: Се сеќавате ли на легендарната стара ѕидна вага?
Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатките што ги подготвуваа нашите баби и мајки? А се сеќавате ли на ѕидната вага, која служеше за мерење на состојките?
Денес, може да се најдат голем број кујнски ваги коишто ги мерат состојките до најмала прецизност, но во минатото речиси во сечија кујна имаше по една ѕидна вага која се отвораше, а капакот ѝ служеше за да се стават состојките за мерење.
На Твитер еден од корисниците се пофали дека ѕидната вага му е најстар апарат во домот, што е во функција од далечната 1978-ма година.
Zidna Vaga Gorenje 1978. pic.twitter.com/0hGKwIwyFL
— Misko Misko (@todDM53izjASpRe) April 20, 2019
На социјалните мрежи честопати се споделуваат фотки од старите ѕидни ваги коишто можеа да измерат до 3kg, а многумина со носталгија се потсетуваат на старите времиња кога подготвувале колачи и слатки со нејзина помош.
Прочитајте и Тазе мелено кафе, половина лепче: Ретро работи од македонските продавници кои ни будат носталгија
Други пак, признаваат дека иако денес постојат голем број посовремени ваги за во кујна, сѐ уште не се откажуваат од старата вага, која е практична затоа што е лесно достапна и за да ја искористат потребно е само да го отворат капакот, плус не зафаќа место на работната површина.
„И до ден денес ми виси на ѕидот, полесно ми е така“, „Мајка ми сѐ уште ја има и работи“, „И до ден-денес сѐ уште ја користам“ – пишуваат дел од корисниците на социјалните мрежи.
Се сеќавате ли на старите кујнски ваги? Ги имате ли сѐ уште во вашиот дом?
Прочитајте и „Го крева паркетот, комшиите мислат дека има напад“ – Смешни твитови за легендарната правосмукалка
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук