Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното дрво“ во Бањани
Потоа, раскажал дека секоја жена која ќе дојде и ќе побара помош, прво треба да наполни вода од манастирската чешма, а потоа и мажот и жената треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата.
По молитвата треба да го посетат дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото.
За моќта на „трудното дрво“ се раскажува низ Скопје и околината.
Велат, на секоја жена која ќе побара помош во манастирот во Бањани, без разлика на верата и националноста, дрвото ќе ѝ ја исполни желбата да биде мајка.
Во манастирскиот двор и во црквата можат да се видат подароци оставени од жените кои по молитвата и вербата во моќта на ова дрво станале мајки.
Преспивање во манастирот Света Ана во битолско
Уште еден македонски манастир во кој жените без деца можат да побараат помош е манастирот посветен на Света Ана во битолското село Маловишта.
Според приказните раскажувани од мештаните, неплодните жени кои сакаат да имаат свои чеда, треба вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород.
Света Ана е мајка на Марија, Пресвета Богородица. Таа и нејзиниот маж Јоаким, долги години не можеле да имаат деца.
Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а легендата вели дека во една пригода отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му се јавил ангел кој му рекол дека Господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана.
Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека Света Ана и Пресвета Богородица им помагаат на жените кои не можат да имаат деца.
Светот во кој живееме денес е брз, модерен и заснован на технологија и наука, па за многумина овие приказни и легенди се само остаток од минатото кога луѓето поедноставно живееле, во духот на традицијата, вербата и црковните правила.
Но, за многу жени и семејства, која науката и медицината не можат да го дадат одговорот, вербата во светото, надприродното и небеското е сè посилна.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: Википедија, Фејсбук