„Имаш ли симпатија?“ - Носталгија по лексиконите и споменарите од моето време

„Јас сум Ива, и сум шесто одделение во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Одам на курс по англиски и на часови по пливање на Олимписки базен. Ах, имавте ли и вие лексикон? „Кажи ми кој ти е симпатија?“ беше најважното прашање од сите, како и последното прашање - „Што мислиш за сопственикот на овој лексикон?“

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-01.jpg

Секоја втора девојка, која како и јас била тинејџерка во 90-тите и рани 2000-ти, имала лексикони и споменари. Во лексиконите се потпишуваа сите другарки и другари со кои ги делевме школските клупи, а споменарите беа скриени далеку од очите на родителите.

Лексикони со светкави пенкалца и исечоци од фотографии

Лексиконите беа оние големи тетратки со големи, тврди или кожени корици, декорирани со фломастери и гел пенкала со светки. Овие наши стари лексикони се предци на денешните социјални мрежи, посебно Фејсбук.

На првата страница се претставувавме:

„Јас сум Ива, и сум шесто одделение во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Одам на курс по англиски и на часови по пливање на Олимписки базен.

Имам постара сестра, која учи во гимназијата „Орце Николов“.

Моја омилена боја е виолетова, а сакам да ги слушам „Spice Girls“ и Еминем.

Сакам пица и да пијам чоколадно млеко, а омилен десерт ми се глувчињата од Жито Лукс.

Кога ќе пораснам ќе бидам докторка.

Имам симпатија, ама нема да му го кажам името. Само дека почнува со буквата „Б…“.

И, секако, во нашиот мал пишан говор за претставување додаваме кои филмови ги гледаме, кои шпанско-мексикански серии, кои во тоа време владеја со ТВ-екраните. Додаваме кои ни се најдобри другарки и другари, и кои не нервираат.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-01_copy.jpg

Задолжителен дел беше кој ни е омилен предмет на училиште и која наставничка најмногу ја сакаме. Во лексиконите додаваме и што ни е хоби и што сакаме да правиме во слободно време, бидејќи секако, шестоодделенците се многу зафатени.

Откако ќе го сумиравме целиот наш живот на една А4 страница, следуваше наша фотографија, скришно исечена од семејните албуми. А потоа, креативност на високо ниво, со исечоци од тогаш популарните списанија, „Таа“, „Теа“, „Браво“ и „Наш Свет“. Секако, лепевме и слики од нашите омилени ликови од MTV.

А потоа следуваа прашањата, на кои, оние кои имаа чест, да се потпишат во нашите цените лексикони, мораа да дадат точен и искрен одговор.

А прашањата гласеа:

Претстави се.

Кое одделение си и каде учиш?

Кој ти е омилен наставник и предмет?

Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?

Што ти е хоби?

Кажи ми кој ти е симпатија? – најважното прашање од сите.

И по редот испрашување, следеше последното прашање, што мислиш за сопственикот на овој лексикон?

И секој мораше да залепи своја фотографија и да ја покаже својата креативна страна.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-02_copy.jpg

И навистина сериозно си ја сфаќавме нашата задача за пополнување на лексиконите од нашите другарки, па цртавме, лепевме слики, уништувавме списанија, а за оние другарки кои ни беа на списокот на најдобри, оставаме и мали подароци, постери, шноли за коса и рачно направени алки и обетки од мониста и шарени волнени конци.

И, да, секако, го оставаме нашиот домашен телефонски број и адреса, за новогодишни честитки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg