„Имаш ли симпатија?“ - Носталгија по лексиконите и споменарите од моето време

По еден споменар за секоја симпатија

Непишано правило е дека е тинејџерските љубовни приказни се невини и искрени, но пред сè, се кратки, па некои завршуваат дури и пред големиот одмор.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-02.jpg

Но, најискрениот дел од нашите детски симпатии е што тие беа нашите слатки тајни. Нивните имиња испишани на кориците од тетратките во срциња.

Но, оние симпатии кои траеа повеќе од големиот одмор, задолжително добиваа споменари. А тие беа со листови во боја, и секако катанче во форма на срце и мал клуч, кој го носевме како приврзок.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-03.jpg

Споменарите ги криеа нашите најголеми тајни, името на симпатија, и секако, на првата страница, го запишувавме нашето име со неговото презиме.

Си го замислувавме нашиот прв бакнеж, биравме наша песна и секако, посветуваме страници и страници со љубовни стихови, носталгичните „споменарки“.

„Розите се црвени, љубичиците се сини, дали и ти ме сакаш или ми се чини?“

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-06.jpg

„Во срцево тајна кријам, поради него не можам да спијам“.

„Под дрвото стојам, лисјата ги бројам, 1 2 3 бакни ме ти“.

„Ти си зрак кој го дишам, ти си сонце кое ме грее, ти си она што постои за моето лице да се смее“.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-08.jpg

Покрај „споменарките“ пишувавме и цели љубовни приказни, некои со среќен, но почесто со трагичен крај, и секако, името на симпатијата испишано на секоја страница.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-05.jpg

Со часови цртавме и пишувавме, го крадевме карминот од мама, за да правиме бакнежи во споменарот, и во нив го пишувавме неговото име.

А штом ќе ни поминеше љубовната треска, за новата симпатија, со почетокот на новата тајна љубовна приказна почнувавме и нов споменар.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-10.jpg

Колку си одговараме?

И многу беше важно да дознаеме колку си одговараме со тој што ни го украде срцето. А за тоа постоеше и волшебна формула со која ги спојуваме нашите имиња и презимиња, и процентот го добиваме од збирот на буквите, посебно оние кои се повторуваат.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija10.jpg

А тие бројки играа посебно значење тоа колку ќе му се посветиме на тој симпатија или не.

leksikonite-i-spomenarite-od-moeto-detstvo-po-eden-za-sekoja-simpatija-07.jpg

И додека лексиконите и споменарите беа огромен дел од нашите детски и тинејџерски години, во ова модерно време на интернет, сè е на социјалните мрежи, дури и она што треба да е слатка тајна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg