Магијата на старите македонски традиции и обичаи: Чевли за стројникот, блага ракија и мекици за новороденче

stari-i-zaboraveni-makedonski-tradicii-i-obicai-cevli-za-strojnikot-blaga-rakija-i-blagi-mekici-za-sladok-zivot-na-novorodence-08.jpg

Уште еден стар и необичен обичај, е „блага ракија“ кога после свадбената ноќ ја проверувале невиноста на невестата. Во некои краеви од Македонија, на „блага ракија“ се канеле само жени, а во други краеви сите поважни членови на семејствата, деверите и сватовите, биле поканети да сведочат дали невестата била чесна или не.

Според стари записи за обичаите во Македонија, некои на чардакот од куќата го простирале чаршафот со црвена дамка, а други пак на свекрвата ѝ ја носеле „невестинската“ кошула.

Ако се докажало дека невестата е чесна, тогаш се викале свирачи, но ако била нечесна, тогаш, качена на магаре, седејќи наопаку, ја враќале во домот на нејзините родители.

Велигденски обичаи: првото јајце е заштитник на домот

Македонскиот народ, со векови наназад, со подолги подготовки и со посебна возбуда го пречекува Велигден. Со овој христијански празник се поврзани многу обичаи, некои кои и денес се практикуваат.

Велигден е центар на повеќе празници, познати како празници со непостојан датум, или како циклус велигденски празници. Нивните датуми, коишто се менуваат секоја година, се зависни од Велигден и се определуваат откако ќе биде определен неговиот датум.

Па така, Прочка е секогаш седум недели пред Велигден, првата сабота по Прочка е Тодорова сабота (Тодорица), неделата пред Велигден се Цветници, саботата пред Цветници е Лазарева сабота (Лазарица), четириесет дена по Велигден (и секогаш во четврток) е Вознесение (Спасовден), десет дена по него, или педесет по Велигден е Духовден (Педесетица).

stari-i-zaboraveni-makedonski-tradicii-i-obicai-cevli-za-strojnikot-blaga-rakija-i-blagi-mekici-za-sladok-zivot-na-novorodence-09.jpg

Традиционално Велигден се празнува со вапсање на јајца и ручек со јагнешко месо. Јајцата се фарбаат во црвена боја, но во модерно време, креативноста е многу важен фактор, па имаме голема палета на бои за јајца, различни техники и разнобојни налепници за декорирање.

Со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток. Пред да изгрее сонцето тоа утро, се верувало дека ако тоа се направело подоцна, јајцата ќе се засмрдат, се вапсуваат велигденските јајца.

Според обичајот, најпрво се вапцувале три, а потоа и другите јајца. Првото јајце за Господ, второто за домаќинот и третото за стоката и бериќетот.

stari-i-zaboraveni-makedonski-tradicii-i-obicai-cevli-za-strojnikot-blaga-rakija-i-blagi-mekici-za-sladok-zivot-na-novorodence-10.jpg

Уште еден обичај е во неделата, пред да се оди во црква, децата да се избањаат и при капењето, да се земе првото црвено јајце и да се помине низ лицето и тело, за здравје во годината што следи.

Првото обоено јајце се смета за чувар на куќата. Според старите обичаи, првото јајце се смета за заштитник на домот и се чува до идниот Велигден.

Традиционалните носии: некогаш симбол на статус

Традиционалните македонски носии во минатото биле носени секојдневно, а на секој позначаен настан, на свадби и веридби, на крштевки и слави, во црква или на собиранките и панаѓурите на сред село биле китени со свежо цвеќе и метални појасни. Денес, овие рачно изработени носии се само спомен од минатото, дел од изложби во музеи или ги гледаме на старите фотографии од нашите предци.

stari-i-zaboraveni-makedonski-tradicii-i-obicai-cevli-za-strojnikot-blaga-rakija-i-blagi-mekici-za-sladok-zivot-na-novorodence-11.jpg

Главна карактеристика на Македонската носија е везот со раскошни и геометриски шари, срма и плетенки, како и накит изработен од метал, сребро, монистра и плодови од природата.

Како карактеристичен украс особено на женските носии најмногу се везеле кошулите и покривките за глава.

Везовите се развивале и негувале на целата територија од Македонија, а на нив доминира црвената боја, иако се застапени зелената, жолтата и темносината.

stari-i-zaboraveni-makedonski-tradicii-i-obicai-cevli-za-strojnikot-blaga-rakija-i-blagi-mekici-za-sladok-zivot-na-novorodence-12.jpg

Традициите и обичаите се врежани во македонската историја и култура, дел од животот на нашите предци и сведоци на минатото. Иако многу од овие обичаи денес се сметаат за нелогични и непрактични, во минатото тие биле од огромно значење за македонскиот народ.

Пренесувани од колено на колено, од генерација на генерација, запишани во историјата, овие обичаи вредат да бидат запаметени од идните македонски генерации.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / ФOTO: Depositphotos



Би можело да ве интересира:

Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Исповед на Македонка: „Мислев дека имам циста, не очекував дека ќе ми кажат дека сум бремена“ Јас се сменив! Јас се сменив кога сфатив дека ќе бидам мајка. Се сменив кога на ...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Секој маж треба да се „разведе“ од својата мајката пред да се ожени... Мажи, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg