Некогаш денот почнуваше со леб и маргарин, а денес со смути од спанаќ и ананас – Колку се промени животот на македонските семејства?
Фамилија Андреевски, мај 2023
Секое утро во домот на семејството Андреевски почнуваат со кафе за Александар и Сања во станот во центарот на Скопје.
По заедничкото смути со спанаќ и ананас за здрав почеток на денот, Сања го подготвував синот Максимилијан за во градинка.
Александар го носи во градинка, а потоа оди на работа. Тој е менаџер во фирмата на татко му за градежништво, а Сања е специјалист за дигитален маркетинг.
Денот на Сања започнува со часови по јога во студио блиску до нивниот дом, а потоа седнува кафе со пријателките и посета на салон за убавина.
Нејзиниот работен почнува околу пладне, работи од дома. Додека работи си порачува салата за ручек.
Околу 16 часот дома си доаѓаат Максимилијан и Александар, а час подоцна доаѓа дадилката да се грижи за малиот.
Работниот ден на Сања завршува подоцна.
Околу 19 часот двајцата заедно одат во теретана, тоа е нивен обичај уште пред да станат родители.
Нивната дадилка подготвува вечера за Максимилијан и го подготвува за во кревет.
По напорниот тренинг, Сања и Александар вечераат нешто брзо и лесно. Обично нивниот тренинг трае два часа.
Откако ќе го бакнат својот мал син за добра ноќ, Александар гледа фудбал, а Сања или дозавршува некој проект или учи француски јазик онлајн.
Пред да си легнат се договорија овој викенд Максимилијан да го остават со родителите на Сања, а тие да одат на краток шопинг до Солун.
Две семејства, две различни приказни, нема точни и погрешно, има само два сосема различни начини на живот. Кој знае како ќе биде за десетина години.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com