Некогаш денот почнуваше со леб и маргарин, а денес со смути од спанаќ и ананас – Колку се промени животот на македонските семејства?

Како што светот се менува со неверојатна брзина, се менуваат сите аспекти во начинот на живеење. Некогаш се почитуваа семејните традиции, како непишано правило, се знаеше дека целото семејство заедно вечера, а потоа гледаат телевизија, а викендите се за заеднички активности по желба на најмалите во домот. Како изгледа животот денес?

nekogash-denot-pochnuvashe-so-leb-i-margarin-a-denes-so-smuti-od-spanakj-i-ananas-kolku-se-promeni-zhivotot-na-makedonskite-semejstva-01.jpg

Сега, во трката со времето и парите и сите предности и маани на модерното живеење, ретко семејството се собира на вечера или ручек, освен за посебни пригоди и важни празници.

Но, да се потсетиме каков беше денот на една типична македонска фамилија некогаш, кога животот беше поедноставен, и како е сега, во светот на интернетот, работа од дома и дадилки наместо баби.

Фамилија Петревски, Скопје, мај 1995

Утрата во домот на фамилија Петревски во скопската населба Карпош секогаш почнуваат со појадок и кафе, а потоа секој на својата позиција: Драган, шеф во Комерцијална банка, Силвана, продавачка во Тетекс, Марина, трето одделение и Милан, во градинка.

Додека Силвана го подготвува појадокот и фрла погледи да не претече кафето, Драган го облекува малиот Милан.

Марина веќе сама се подготвува за на училиште.

По појадокот, Драган го носи Милан во градинка, а Силвана ја испраќа Марина до пола пат, потоа таа продолжува со другарките, а таа трча до автобуска за да го фати автобусот до центарот на градот каде е лоцирана продавницата во која работи.

Семејството пак се собира дома во попладневните часови, околу 17 часот.

Драган го зема Милан од градинка, а Марина си доаѓа дома сама, по целодневната програма на училиште.

Изморени од дневните активности, тие седнуваат во дневната соба.

Милан со своите играчки, Марина со книгите, а мама и тато со кафе.

Марина им го подготви кафето, и овојпат не ѝ претече.

Драган им соопшти дека почнал да отплатува бунгалов во Крани за нивниот летен одмор.

Му објасни на Милан дека ќе одат на плажа и дека тој пак ќе гради кули од песок.

А изненадување беше што ова лето Марина ќе може да оди на летен камп со нејзниот клас во Струга.

Таа беше пресреќна и силно ги прегрнуваше мајка ѝ и татко ѝ, што конечно ѝ ја исполнија желбата. Секако, таа ќе може да оди летување само ако ги има сите петки на свидетелството.

И додека Марина ја пишуваше домашната задача, мајка ѝ подготвуваше вечера, а Драган и Милан отидоа до блиската слаткарница по тулумби и еклери.

По вечерата, супа и ориз со пилешко, Марина и Милан веќе се подготвуваа за во кревет, а родителите ги довршуваа садовите и планот за утрешниот ден.

За викендот Драган предложи да одат во зоолошката градина, а потоа на ручек кај неговите во скопското село Волково.

Силвана го потсети дека минатиот викенд беа на ручек кај неговите, па затоа е подобро да ги покани во нивниот дом.

Па така, во сабота, додека таа е на фризер, Драган ќе ги носи децата во зоолошка, а во недела ќе чекаат гости.

По испланираниот викенд, го завршија денот со Дневникот на МТВ и новата епизода од „Бољи живот“.

Како изгледа животот на едно просечно македонско семејство денес, прочитајте на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg