„Облечена во галичка носија, тешка 25 килограми, бев статист на Галичка свадба - од прва рака ја доживеав магијата“

Со нетрпение ја очекувам Галичката свадба, која ќе се одржи наскоро, викендот по празникот Петровден, кој е на 12-ти јули... Сакам да ја видам невестата, која ќе го направи стариот обичај, скришно да го погледне зетот низ прстен и трипати да каже „Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам, вака како што го вртам прстенов, така тебе да те вртам “...

oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-od-prva-raka-ja-dozhiveav-magijata-01_copy.jpgфото: Приватна архива

Доколку ја негуваме традицијата на семејството, на народното творештво и култура, ќе живее нацијата, ќе живее македонството. Во тој контекст, огромно значење има Галичката свадба, како бисер на нематеријалното и духовно богатство. Од пелени сум задоена во овој дух на восхит, почит и воскреснување на церемонијата во сржта на летото, на 12 јули, на ден Петровден (односно за време на викенд деновите околу овој празник).

Во минатото, галичките печалбари, наречени Солунци, се враќале од гурбет (печалба) и ги правеле своите богати свадби до 40-тина на број во ист ден, на Петровден.

Ечеле гордите врвови на Крчин, Дешат и Стогово, а најмногу на планината Бистра од екотите на зурлите и тапаните, кои го свиреле прочуеното „Тешкото“ оро, симболот на непокор на Македонците против ропството од секаков вид.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-02.jpg

Во 1938 година, мојот дедо по мајкина страна и мојот прадедо дошле од печалба од стара Грција – Халкида (близу Атина), за да ја направат свадбата на дедо ми, кој тогаш имал 20 години, со баба ми, која имала 16 години.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-03.jpg

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-04.jpg

Во 1951 година е направена свадбата на мојот (пра)вујко, брат на баба ми.

Таа свадба е играно-документарен бисер на македонската кинематографија, предводена од УНЕСКО и Вардар филм.

Самата свадба претставува ремек дело на оваа славна тема, со вистински актери од семејствата на младенците. На тој филм сум ја видела мајка ми на нејзина возраст од 2 години, нејзините постари сестри како девојчиња и дедо ми, кој на таа свадба бил гордиот бајрактар, качен на својот преубав коњ Дорат.

Токму на тој ден додека траела свадбата, баба ми после три ќерки, на свет го донела мојот вујко. Немало технологија како денес, но семејството кое било околу баба ми додека таа се породувала во куќата, извадило црвена јамболија (ложник) на прозорот на горниот чардак од куќата, што било знак дека се родило машко дете.

На радоста ѝ немало крај, а дедо ми бил најсреќен тој ден, иако за веста дознал среде свадба, со само еден поглед кон својата куќа во далечината.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-05.jpg

Долги години бев во првите редови на публиката на манифестацијата Галичка свадба, секоја година со истиот жар и љубов одново и одново ја доживував како да ми е првпат.

Една година со мајка ми посакавме да се приклучиме на оваа манифестација во својство на сватови – статисти. Никогаш нема да го заборавам тоа волшебно доживување, кога со мајка ми се слеавме во свадбената процесија, облечени во прекрасните невестински рува на баба ми, со изобилие на срма, низалки, украсни игли за коса.

Искуството беше неверојатно, и покрај тоа што 3 дена речиси без престан бев облечена во галичка носија, која тежи во просек 25 килограми. Тоа не ме спречи максимално да го впијам овој единствен и за мене преемотивен настан.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-06.jpg

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-07.jpg

Галичката свадба до ден денешен ги негува сите уникатни обичаи, чувани со векови на македонскиот народ, особено на славните Мијаци.

Галичката свадба изобилува со обичаи, кои сочинуваат цел протокол, кој многу е почитуван од галичаните.

На пример, спроти свадбата, вечерта е одењето на вода на невестата, што е посебно доживување, бидејќи со запалени борини (факели) свадбарите во процесијата се движат од домот на невестатa, до прочуената чешма Упија во центарот на Галичник.

По невестата тогаш се дојдени побратимите на зетот (младоженецот), но не и тој самиот и заедно со нејзините другарки (чувалки), во ноќ ја носат невестата по вода.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-08.jpg

Утредента на денот на свадбата се оди на гробишта за да се канат мртвите, што претставува своевидно искажување почит и барање дозвола од нив за претстојната свадба.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudni-obichai-09.jpg

По канењето на мртвите се кани кумот, а потоа е прочуеното бричење на зетот, кој потоа го измиваат трипати со вино.

tradicijata-zivee-oblechena-vo-galichka-nosija-teshka-25-kilogrami-bev-statist-na-galichka-svadba-i-od-prva-raka-doziveav-edni-od-najubavite-no-i-chudi-obichai-10.jpg

Тогаш конечно тргнуваат на строј, односно се спремаат да појдат во куќата на невестата, а малку пред нив таму стигнува мушчулџијата.

Кога ќе пристигнат стројниците и сватовите кај невестата, побратимот на зетот го носи зетот пред вратата на невестината куќа.

Сите се поздравуваат, но никој не се послужува додека не се појави невестата, која во меѓувреме го прави стариот обичај, скришно да го погледне зетот низ прстен и трипати да каже „Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам, вака како што го вртам прстенов, така тебе да те вртам “.

Невестата тогаш излегува пред гостите и на сите им бакнува рака.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg