Машки дневник од теретана

За роденден, сопругата ми уплати една недела приватни часови во локалниот фитнес центар. Иако сум и понатаму во одлична форма (што ме држи откако бев капитен на шаховскиот тим на факултет) се решив да ги пробам тие часови.

maski-dnevnik-od-teretana-001.jpg

Се јавив и резервирав часови кај девојка по име Тања, која ми рече дека има 26 години и е инструктор по аеробик и модел. Мојата сопруга беше многу среќна за иницијативата која ја покажав.

И двете ми предложија да водам дневник за своето вежбање.

Ден 1: Денот ми почна во 6 наутро. Ми беше мака да станам, но, секако вредеше да се види Тања која ме чека во клубот. Изгледа како божица, со плава коса и блескава насмевка. Ми ги покажа справите и ми го измери пулсот после 5 минути трчање на лента. Беше малку вознемирена затоа што пулсот ми беше висок, но мислам дека тоа беше затоа што стоев до неа. Уживав во глетката на нејзиниот час по аеробик. Тања ме охрабруваше додека правев стомачни иако стомакот веќе ме болеше од вовлекување додека зборував со неа. Ова ќе биде одлично!

Ден 2: Ми требаше цел бокал кафе само за да станам и да излезам од дома, но успеав. Тања ме натера да легнам и да кревам една тешка железна шипка. Уште и додаде тегови на неа човече! Нозете ми беа малку килави на траката, но издржав скоро 2 километри. Нејзината насмевка ми е доволна награда. Се чувствувам одлично!

Ден 3: Единствен начин на кој можам да ги измија забите е да ставам паста на четката и да ја мрдам главата лево –десно. Сосема сум сигурен дека добив кила. Возењето помина ОК, под услов да не морав да управувам со воланот. Се паркирав врз еден Голф. Тања беше малку нетрпелива со мене и ми свика дека моите крици ги вознемируваат другите вежбачи.

Заради лентата градите ме болеа ужасно, па го пробав степерот. Зошто некој би измислил нешто што стимулира активност, кога лифтот е сосема доволен? Тања вели дека заради редовното вежбање ќе живеам подолго. Мислам дека не постои ништо полошо.

Ден 4: Тања ме чекаше со своите вампирски заби и злобна насмевка. Не, не можам да стигнам никако побрзо, а и добро е што доцнам само половина час, со оглед на тоа што само толку ми требаше за да си ги врзам чевлите. Сакаше да кревам тегови. Нема шанси, Тања! Па јас не сум глуп! Се сокрив во машкото ве-це се додека не ми го прати помошникот да ме извлече од таму. За казна, ме натера да правам симулација на веслање кајак. Кајакот потона.

Ден 5: Ја мразам Тања повеќе од било што на светот. Да постои барем еден дел од телото што не ме боли, има да и ја удрам една баш со тој дел. Мислеше дека добра идеја е денес да работиме на моите трицепси. Па, Тања, имам новости за тебе! Јас немам трицепси! И, освен ако не сакаш да пропаднеш во подов, немој да ми даваш тегови. Ти, ти си одела во садистичко школо. Ти си крива! Лентата за трчање ме исфрли наназад и паднав врз господинот професор по хемија. Тој па, не можеше да биде помек малку!?

Ден 6: Тања ми остави порака на секретарката, се прашувала каде сум. Немав сила да го земам далечинскот, па цели 11 часа гледав временска прогноза.

Ден 7: Конечно дојде крајот на неделата. Фала богу заврши! Се прашувам дали жената ми го направи намерно ова. Можеби за следниот роденден ќе ми подари нешто уште позабавно како на пример вадење на забен нерв или осмица!

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg