Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бев на ќебапчиња во скопската чаршија и уживав: Зошто ова искуство не е само за туристите?“

Првиот пролетен викенд оваа година, со убавото време и сонцето, ме измами на прошетка, прво низ градскиот парк, а потоа до Старата скопска чаршија каде што седнав на ќебапчиња. Одамна не сум била низ чаршијата, па си реков, зошто да не ја уживам како да сум турист?!

bev-na-kjebapchinja-vo-skopskata-charshija-i-uzhivav-zoshto-ova-iskustvo-shto-ne-e-samo-za-turistite-01.jpg

Викендов поминав едно поладне во Старата чаршија. Решив да се однесувам како турист и искуството им го препорачувам на сите.

Додека шетав низ уличките со калдрма и автентичен изглед, уживав во глетката – луѓето не брзаа никаде, застануваа покрај дуќаните, се загледуваа во излозите на продавниците во кои и денес живеат старите занаети.

Се израдував што чаршијата не го загубила духот. Едни пиеја турско кафе со локум, други црн чај, а трети ручаа во најпознатите ќебапчилници во срцето на чаршијата.

bev-na-kjebapchinja-vo-skopskata-charshija-i-uzhivav-zoshto-ova-iskustvo-shto-ne-e-samo-za-turistite-03.jpg

Додека шетавме со пријателите и размислувавме по која уличка да тргнеме, нè привлече глетката на луѓето што уживаат додека јадат, ама и мирисот на тазе печените ќебапи, па решивме да седнеме.

Имаше неколку слободни маси, покриени со црвено-бел кариран чаршаф. Ова само го дополнуваше чувството дека сме во некое друго време.

Порачавме точено пиво и по 10 ќебапи со лута пиперка и домашно лепче.

bev-na-kjebapchinja-vo-skopskata-charshija-i-uzhivav-zoshto-ova-iskustvo-shto-ne-e-samo-za-turistite-04.jpg

Пивото ни го донесоа во кригли од пред 30 и повеќе години, со стариот црвен знак на скопското пиво.

Потоа стигна и храната. Топла, убаво послужена и – вкусна.

Додека седевме, келнерите неколкупати нè прашаа дали е сè во ред, беа љубезни и, уште поважно, беа брзи.

bev-na-kjebapchinja-vo-skopskata-charshija-i-uzhivav-zoshto-ova-iskustvo-shto-ne-e-samo-za-turistite-02.jpg

А на масите покрај нас имаше повеќе туристи отколку локалци. Зборуваа на различни јазици и не криеја дека уживаат во ручекот. Јадеа и наздравуваа, исто како и ние.

Одејќи накај дома, сфатив дека Скопската чаршија не е искуство само за туристите, туку треба да е сврталиште и за локалното население.

И токму затоа на сите ви препорачувам едно попладне низ чаршијата, во духот на старото време, со топ храна и пиво во старински кригли. На здравје!

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Андријана Илиоска за CRNOBELO лексикон: „Сум живеела во 5 светски метрополи, но само Македонија е до... „По природа сум весел човек, но не обожавам кафеани. Секогаш кога одам, тоа...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg