Шишарки, тапи од вино: Идеи за „направи сам“ проекти на празнични украси (за малку пари)
Адвент календар
Земете една долга гранка и на неа со коноп обесете хартиени ќесички, а во секоја од нив изненадување, за вашите деца да отвораат по една на ден во празничниот период.
Ставајте им написи за забавни игри, за каде се крие некој нивен подарок, предизвици некакви итн.
Венче од плутени тапи
Плутените тапи од вино конечно ќе служат за нешто. Залепете ги со топло лепило и закитете со панделки и шишарки и имате уникатно празнично венче.
Лампиони шишарки
На следната прошетка на Водно или во парк соберете си паднати шишарки, а потоа со лепило ставете им украси и со помош на коноп закачете ги како лампиони на елката.
Ѕвезди
Соберете гранчиња и од нив направете ѕвезди, кои потоа ќе ги закитите со сијаличките кои веќе ги имате дома.
С. С. | Црнобело