Снешко од кутии и уште 13 идеи како да ги спакувате новогодишните подароци за децата
Најмалите се оние што најмногу се радуваат на новогодишните празници, но и на подароците од Дедо Мраз. Во продолжение неколку идеи како можете да ги спакувате подароците и да додадете магија под новогодишната елка.
Додека се подготвувате за новогодишните празници, секако веќе планирате со што ќе ги израдувате и најмалите.
Покрај задолжителните пакетчиња со слатки и чоколади, голем дел од вас размислуваат и за други подароци што треба да им ги донесе Дедо Мраз.
За магијата да биде целосна подарокот треба да биде убаво спакуван.
Во видеото погледнете како да направите кула во форма на Снешко:
Освен како кули, со сечење и лепење и цртање, можете да креирате најразлични облици како Дедо Мраз, ирваси и слично, а секако и шарените бастунчиња може да бидат идеални за декорација.
Исто така, обичните кутии можете да ги декорирате и со шарени пом-пом топчиња.
Доколку не знаете како да ги направите, погледнете во приложеното фото-упатство. Ќе ви бидат потребни конец, ножички и виљушка.
Погледнете неколку идеи како би можеле да ги спакувате подароците за најмалите и да ги израдувате оваа Нова година:
Б. С. Б. | Црнобело