13 практични детали од јапонските домови што ќе ги посакате и кај вас
Систем за вентилација што ја загрева бањата, домофон со камера, корпа за отпадоци за неколку видови отпад – се чини дека дизајнерите на јапонските домови обрнуваат внимание и на најситните детали и потреби.
Навистина не постои држава како Јапонија, без разлика дали станува збор за културата, животниот стил или начинот на исхрана. На Јапонците најважна им е практичноста, а бидејќи неретко нивните домови се мали, тие умешно го користат секој дел од просториите.
Погледнете неколку практични детали од јапонските домови што сигурно ќе ги посакате и кај нас (иако некои веќе ги има но поретко):
Посебна текстура за подот во бањата
Скоро сите ставаме плочки на подот во бањата, но во Јапонија бањите и тоалетите се обложени со материјал со ребреста структура кој го намалува ризикот од лизгање и паѓање.
Копче за затнување на кадата
Во јапонските кади има инсталирано посебно копче со кое можете да го затнете или одзатнете одводот.
Усовршен систем за вентилација
Системот за вентилација во јапонските тоалети не само што ја отстранува влагата од просторијата, туку има и посебна функција која овозможува да ја сушите облеката во бањата. Истовремено, системот за вентилација се користи и за затоплување на бањата, а сите опции можат да се контролираат со тајмер.
Огромен мијалник
Мијалникот во јапонските бањи е огромен и Јапонците не го користат само за миење раце - неретко во него перат и облека.
Уред против замаглување на огледалото
Огледалата во јапонските бањи имаат посебен уред што ги загрева и со тоа го спречува замаглувањето додека се тушираат.
Посебно поштенско сандаче пред секој стан
Овие поштенски сандачиња се инсталираат на влезната врата и најчесто се користат за известувања од доставувачи. Односно, кога во станот нема никој, а доставувачот треба да остави поголема пратка, во сандачето остава известување, за сопствениците да знаат дека треба да си ја подигнат пратката.