Maкедонка со работи од домаќинството направи уникатни велигденски јајца на тема самоизолација (фото)
Од „Не лути се човече“ до книгите кои ги чита, годинава за оваа креативна Македонка самоизолацијата била мотив.
Велигден е најубавиот празник во годината, а прекрасните велигденски јајца се само јаготката на шлагот.
Стефани Брдар е една од оние креативни девојки чии велигденски јајца ќе ви измамат насмевка на лицето и восхит.
„Тематиката оваа година ми беше самоизолацијата за време на COVID 19, и како го поминувам времето во овој период. Од цветни дезени до сериите што ги гледам и книгите што ги читам во овој период во домашен амбиент, сѐ ми беше инспирација.
Со помош на весник, тантела, коноп и други работи кои ги пронајдов во домаќинството изработев јајца кои говорат за мене и мојата емотивна состојба.
Трпелива сум и чекор по чекор го правам секое јајце со многу љубов. Претходно правам добра организација и бирам потребен материјал за да ја реализирам мојата идеја.
Годинава најпрво традиционално бојадисав црвени јајца, а потоа купив јајца со бела лушпа на кои ја покажав мојата кретивност. Се разбира, и желбата за патување ми беше дел од инспирацијата.“, изјави Стефани за CRNOBELO.com.
Прочитајте и Велигденски јајца со Дизни мотиви - дело на креативна скопјанка (фото).
Велигденските јајца на Стефани:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело