Креативен дом: Прилепчанка што живее во Германија сама си изработува украси (фото)
Оваа 29-годишна девојка со помош на коноп, хартија, стари списанија си го направила домот уникатно катче.
Стефани Брдар (29) од Прилеп, која моментално живее во Германија, е девојка со бујна фантазија и талент за изработка на украси и декорации.
Таа од списанија, разгледници и други работи кои можеме да ги пронајдеме во својот дом изработува неверојатни дела.
„Прво започнав со собирање на разни А4 формат листови од списанија со тематика што ми се допаѓа и така го направив ѕидот во мојата соба, каде ги правам најубавите селфиња.
Потоа продолжив со правење на креативни елементи за во кујна, тоалет, тераса итн. Украсувам стари саксии со хартиени кеси, сама си ги бојадисувам масите и столчињата, а сега си правам и велигденски украси“, изјави Стефани за CRNOBELO.
Стефани додава дека сака да ги инсприра и другите да се занимаваат со вакви кретивни работи, особено сега во периодот на самоизолација.
Нејзино мото е: „Енергијата на креативниот ум е суштината на животот.“
Ѕирнете го нејзиниот креативен дом:
С. С. | Црнобело