Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка со креативни раце прави чуда од храна за нејзиниот син (фото)

Една мајка смислила навистина креативен начин да минува повеќе време со нејзиниот син – правење храна во облик на познатите јунаци на Дизни.

kreativnite-dekoracii-so-hrana-ja-napravija-ovaa-majka-hit-na-internet-01.jpg

Во 2015-та година, Лале Мохмеди се прослави на Instagram, откако на син ѝ му направила палачинки во форма на лав.

На син ѝ Џејкоб му се допаднала идејата, а останатото е историја.

Лале вели дека нејзините креации треба да ги инспирираат родителите и децата да ја направат здравата храна забавна.

Денес оваа креативна мајка е доста позната, а се има појавено и на шоуто на Елен Деџенерес.

„Правењето уметност со храна ни овозможи мене и на Џејкоб да минуваме повеќе време заедно во кујната.“

Лале никогаш не планирала да гради кариера со уметност од храна. Сепак, откако ја објавила фотографијата од палачинките во форма на лав на Facebook, многу пријатели ѝ предложиле да направи Instagram профил за нејзините дела.

„Не знаев за Instagram. Не знаев ни што е хаштаг, но си направив профил во 2015-та и за еден месец стана хит – нешто што беше неверојатно!“

На Лале и се потребни од 20 минути, па сè до 2 часа за една креација. Воглавно, времетраењето зависело од самата креација. На пример, за еден оброк морала да нареди над 4.000 зрна ориз, па целата работа траела над 20 часа.

Лале прави и „портрети“ на познати личности, а токму тие биле најтешки за изработка.

„Убавите познати личност се тешки за правење. Еднаш да ја направам Бијонсе и тоа беше целосен неуспех – изгледаше ужасно!“

Но, вториот обид сепак се покажал како успешен.

Омилената храна за работа ѝ е пире од компири, бидејќи е најлесно за моделирање.

Благодарение на својот талент, Лале успешно го претворила нејзиното хоби во кариера.

Џејкоб неодамна наполнил 7 години, но Лале не планира да престане да го изненадува со нејзините јадења. Всушност, таа има и двегодишна ќерка, па наскоро ќе почне да прави од креациите и за неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уникатни и рачно изработени подароци за Валентајн, од македонски мали бизниси Рачно плетен приврзок срце, брошеви со љубовни симболи, персонализирана книга ко...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Популарен трик за виткање подарок – како сами да го спакувате како професионалец? (видео) На социјалните мрежи нов хит за виткање новогодишни подароци е со украсна хартиј...
11 моќни дела на улична уметност кои се доказ дека сликата вреди повеќе од зборови Корупција, забранети задоволства, неправда, уништување на животната средина за м...
За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од па...
Идеи за новогодишни подароци од македонски мали бизниси Прекрасни рачно цртани лампиони, персонализирани изработки од дрво со новогодишн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg