15 скриени значења во логоата на најпознатите брендови

Веројатно некогаш сте се запрашале за тоа дали логоата на добро познатите интернационални брендови имаат некаква скриена порака во нив. И воопшто која била инспирацијата и идејата за нивното создавање?

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-01.jpg

Можеби ве интересира што стои зад јаболкото на позната компанија за информатичка технологија, или зад знакот на вашиот омилен автомобил.

Секако дека имаат порака која сакаат да ви ја прикажат, а ова се 15-те најинтересни сокриени пораки кои лежат зад основното лого на брендовите.


1. Amazon

Насочете го вашиот поглед кон жолтата стрелка сместена во долниот лев агол. Веројатно ви личи како „смајли“. Она што е речиси неприметно е дека самата стрелка е насочена од буквата А кон буквата Z. Значењето на оваа насока се состои токму во тоа. Амазон нуди буквално се од А до Z.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-1.jpg


2. FedEx

Кога веќе зборуваме за креативност, ова лого е вистинска генијалност. На прв поглед можеби ќе претпоставите дека има некаква врска со боите на логото, но тоа не е така. Скриената порака е сместена меѓу две букви. Погледнете одблиску како се повзани буквите E и X. Ја забележавте стрелката? На овој начин оваа компанија се одлучила да ги покаже своите погледи кон иднината и напредното размислување.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-2.jpg


3. Apple

Тука нема многу што да се објаснува ако се сетивте на јаболкото од рајот и приказната за Адам и Ева, тогаш воопшто не погрешивте. Овој знак го прикажува токму овој мит и забранетото овошје од „Дрвото на знаењето“.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-3.jpg


4. IBM

Според архивите на оваа голема компанија во 1972-та година за првпат е воспоставено логото кое и ден денес останува како официјален знак на оваа интернационална компанија. На него лесно се препознаваат хоризонталните линии кои имаат за цел да означат два збора „брзина и динамика“.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-4.jpg


5. Adidas

Дали во некој случај ова лого ви наликува на планина? Доколку тоа е така, тогаш тотално сте во право. Иако првобитната употреба на овој знак немала за цел да има некакво сокриено значење, во 90-тите години се одлучиле да ги накосат паралелните линии и да добијат изглед на планина. На тој начин ги прикажуваат препреките кои треба да ги минат луѓето за да стигнат на врвот.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-5.jpg


6. McDonald's

Знакот М кога бил брендиран, маркетинг агентите немале никаква скриена намера освен во буквална смисла да ја означува првата буква на брендот. Скриената порака е додадена од неговите корисници. Во 60-тите години психологот Луис Ческин им препорачал да ја остават златната буква затоа што на потрошувачите им дава несвесна порака на гради за доење и секако за тоа какво место треба да претставува McDonald's. Оттогаш логото останува како едно од најпрепознатливите логоа во светот.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-6.jpg


7. Audi

Франц Фикентшер, еден од основачите на оваа компанија размислувал за името на компанијата. Неговата основна идеа била да ја именуваат Horch што на германски значи слушај. По ова неговиот син извикува на латински audiatur et altera pars и го даваат името ауди, а четирите кругови ги претставуваат сите компании кои го сочинуваат конгломератот: DKW, Horch Wanderer и Audi.

15-skrieni-znacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-7.jpg

Уште 8 скриени значења на логоата на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg