Прикриена сензуалност: Каде е сокриена девојката во фотографиите?

Се сеќавате на спотот на Gotye за песната „Somebody that I used to know“? Во овој спот телата на двајцата пејачи се целосно насликани и припиени за ѕидот. Идејата ја добиваат од уметничките дека на австралискиот уметник Ема Хак.

prikriena-senzualnost-kade-e-sokriena-devojkata-vo-fotografiite-16.jpg

Родена во 1972, Ема Хак е визуелен артист кој е попознат по своите фотографии на голи жени чии тела се така обоени да се сплотуваат со позадината и да формираат ефект на камелеонско камуфлирање.

Техниката се развива во раните 2000-ти години. Испирација за нејзините дела е женската убавина преточена во моќни камуфлирачки илустрации превземени од природата.

Овој тип на уметност е прилично иновативен и превзема влијанија како од поп културата така и од нејзините лични емоции и искуства. Токму затоа се сретнуваат два типа на фотографии „ПОП!“ и „Огледални шепотења“.

Растејќи во Јужна Австралија, Ема Хак ги користи едни од природно најразновидните делови на планетата Земја. Лозја и ниви под огромното сино небо во контраст на околните пустини. Истите биле идеално место за инспирирање на креативноста на овој уметник.

Токму затоа ги користи природните форми во склоп на нејзините избрани музи. Делата се храбри, детални и внимателно подготвени. Може наједноставно да се дефинираат како разиграно експериментирање над телата кои се сплотуваат со позадината и понекогаш се комплетно скриени и неприметни. И секако позадината подразбира отсликување на земјината убавина.

Прекрасни цветови и јасни црти. Често умее добро да вклопи и вистински птици. Така фотографиите се вклопување на природата и убавината на уметноста на едно место.

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg