10 „направи сам“ проекти кои ќе ви го олеснат животот
Организирањето на домот во исто време е и задоволство и предизвик. Вистина, постојат куп продукти кои може да ги купите за да ви помогнат во организирањето, но зошто да не се обидете сами да ги направите од предмети кои веројатно веќе ги имате во домот.
Ние ви подготвивме 10 интересни „направи сам“ предлози кои нема да ви одземат многу време.
1. Шарена закачалка
На дрвена основа зашрафете повеќе различни шарени закачалки. Користете ја за да чувате марами, клучеви, чанти.
2. Футрола за чување на четки за шминка од подметнувач
Искористете подметнувач од бамбус за да направите несекојдневна футрола за шминките.
3. Простор за штикли
Сè што ви е потребно е една стара дрвена скала.
4. Држач за обетки
Закачете обична жица за внатрешноста на рамката за да добиете практичен држач за обетки, кој во исто време ќе биде и украс.
5. Закачалка од шрафцигери
Искористете ги старите алати за да направите интересна и оригинална закачалка.
6. Држач за моливи и пенкала
Ставете празни ролни од тоалетна хартија во претходно декорирана картонска кутија за полесно да си го организирате работното биро.
7. Кутија за нараквици
Кој би рекол дека шишињата се како создадени за да редиме нараквици врз нив.
8. Шарени клучеви
Имате проблеми да ги разликувате клучевите? Еве брзо и лесно решение.
9. Закачалка за марами
Организирајте си ги марамите со помош на стара закачалка и прстени за завеса.
10. Полици - украсни кеси
Не знаете што да правите со купиштата украсни кеси кои ви се плеткаат по дома? Искористете ги за да чувате во нив секојдневни ситници.