8 начини како да ги искористите старите чорапи
Иако се доста потценети, тие се едно од основните и најпрактични парчиња облека. Нивната потреба, покрај основната, може да биде навистина разновидна и креативна.
Дали и вие се прашувате што да правите со чорапата чиј пар мистериозно исчезна?
Еве 8 идеи:
1. Спакувајте шише вино
Шишето вино кое планирате да го носите кај пријателите облечете го во некоја штосна чорапа и додадете му картичка и машна. На овој начин ќе покажете дека сте вложиле посебен труд, со што сигурно ќе измамите насмевка.
2. Декорирајте ги саксиите
Обичните глинени и пластични саксии можете да ги развеселите со неколку дезенирани чорапчиња.
3. Исчистете ги ролетните
Искористете ја самата чорапа како крпа. Едноставно е, навлечете ја на рака и пребришете ги тешко достапните места.
4. Греачи за рака
Нов моден детаљ? Зошто да не... Исечете го делот за стапалата, зашијте, додадете копчиња и комбинирајте ги со омилениот џемпер.
5. Нова играчка за миленикот
Во старата чорапа ставете празно пластично шише и заврзете го горниот дел. Едноствно, а корисно.
6. Направете навлаки за свеќниците
Исечете неколку парчиња и исто како кај саксиите, само облечете ги свеќниците.
7. Футрола за телефон додека трчате
Ако се занимавате со било каква физичка активност, оваа идеја ќе ви користи. Исечете го долниот дел од чорапата и облечете ја на раката. Ставете го телефонот и превиткајте. Закачете слушалки и подготвени сте за тренинг.
8. Букет од чорапи
Звучи смешно, но ова е одличен подарок ако одите на гости кај блиски роднини или мали дечиња. Секако, за ова ќе ви требаат нови чорапчиња кои ќе ги обликувате како ружи околу стапче за ражничи.