Од пепел до дијаманти: Кремираните тела сега се носат како прстени
Швајцарска компанија направила фасцинантно и неочекувано нешто за да го зачува на најубав начин споменот на драгите луѓе кои умираат.
Тие смислиле технологија со која кремираното тело на починатите, претворено во пепел, го претвораат во дијамант.
Овој дијамант потоа може да го чувате или да го додадете на некој накит кој постојано го носите.
Сè започнува со хемиски процес на екстракт од јаглен од пепелта. Тој се вжештува и се претвора во графит.
Графитот се вжештува на 1.482 Целзиусови степени и со притисок од огромна тежина се добива посакуваниот производ.
Бојата на дијамантот може да биде од бела до темносина, зависно од процентуалната застапеност на хемискиот елемент бор во пепелта.
Цените на овие дијаманти почнуваат од $4.474 американски долари па нагоре.