Најдобрите реклами на Durex кои заслужуваат медал за креативност (фото)
„Оваа сезона, завиткајте го добро вашиот подарок. Среќен Божиќ!“. „На сите кои ги користат производите од нашата конкуренција – среќен Ден на татковците!“ – најпопуларниот бренд за презервативи, Durex, дефинитивно има генијални реклами кои се истовремено забавни, но и добар потсетник за потребата од нивно користење.
Користењето на заштита при сексуални односи е неопходна, како за заштита од сексуално преносливи болести, така и од несакана бременост.
Најпознатиот бренд за презервативи, Durex, низ годините има објавено голем број кампањи и реклами кои се истовремено забавни, но и потсетуваат на потребата од нивно користење.
Нивната маркетинг стратегија е генијална и речиси секогаш ги користат актуелните случувања и настани за тематски да го испромовираат својот најпопуларен производ - презервативи.