Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото)

Грандиозен и застрашувачки! Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа. Таму се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“.

gotski-zamok-vo-transilvanija-e-kako-scena-od-mrachna-bajka-foto-01.jpg

Во Романија, поточно во регионот Трансилванија, се наоѓа еден од најубавите готски замоци на светот.

Ова величествено здание ќе ве воодушеви на прва.  Стои грандиозно и едноставно заплашува со својата појава, но и историјата.

Доколку го посетувате романскиот град Темишвар (Темишвар е трет по големина град во Романија и го носи прекарот „Мала Виена“), тогаш задолжително посетете ја и оваа туристичка атракција. 

Станува збор за замокот Корвин.

Корвин (Corvin Castle, познат и како Hunyadi Castle или Hunedoara Castle) се смета за еден од најголемите замоци во Европа, како и за едно од 7-те чуда во Романија.

Овој замок од 15-тиот век, кој се наоѓа во западниот дел на Романија, е една од најпознатите туристички атракции, како и популарна локација за снимање на филмови и документарци.

Дефинитивно е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа.

Во овој замок се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“.

Доживејте го замокот Корвин:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg