Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото)
Грандиозен и застрашувачки! Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа. Таму се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“.
Во Романија, поточно во регионот Трансилванија, се наоѓа еден од најубавите готски замоци на светот.
Ова величествено здание ќе ве воодушеви на прва. Стои грандиозно и едноставно заплашува со својата појава, но и историјата.
Доколку го посетувате романскиот град Темишвар (Темишвар е трет по големина град во Романија и го носи прекарот „Мала Виена“), тогаш задолжително посетете ја и оваа туристичка атракција.
Станува збор за замокот Корвин.
Корвин (Corvin Castle, познат и како Hunyadi Castle или Hunedoara Castle) се смета за еден од најголемите замоци во Европа, како и за едно од 7-те чуда во Романија.
Овој замок од 15-тиот век, кој се наоѓа во западниот дел на Романија, е една од најпознатите туристички атракции, како и популарна локација за снимање на филмови и документарци.
Дефинитивно е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа.
Во овој замок се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“.