6 астролошки парови кои се потполна спротивност, но се привлекуваат

Лавовите премногу се грижат за туѓото мислење, додека Водолиите не се воопшто заинтересирани тоа. Но, токму оваа разлика прави одлично да се надополнуваат и да чувствуваат привлечност еден кон друг.

6-astroloshki-parovi-koi-se-potpolna-sprotivnost-no-se-privlekuvaat-01.jpg

Разликите помеѓу некои хороскопски знаци се навистина големи, па тие не би можеле да издржат ни како пријатели.

Сепак, во некои случаи, токму овие разлики прават еден астролошки пар да биде компатибилен и партнерите одлично да се надополнуваат.

Шест астролошки парови кои се спротивни, но се привлекуваат:

Овен и Вага

Овенот и Вагата имаат многу различни ставови и верувања и иако би помислиле дека поради ова не би издржале заедно, тие се всушност совршен спој.

Нивните разлики се она што ги прават одличен пар.

И двата знака некогаш можат да бидат тврдоглави и да се расправаат за ситници, но и двајцата брзо простуваат.

И Овенот и Вагата сакаат да ризикуваат и да се забавуваат, а кога се заедно, имаат можност да си ги остават и најлудите соништа.

Овенот може да ја научи Вагата да одвојува време за себе без чувство на вина. Од друга страна, Вагата може да го научи Овенот да биде пореалистичен во врска со неговите очекувања.

Бик и Скорпија

И Бикот и Скорпијата се страсни, сензуални личности, па нивната врска може да биде навистина бајковита.

И двата знака се амбициозни и успешни, а кога се заедно се мотивираат да ги достигнат нивните цели.

Биковите, од една страна, знаат како да се справат и со најтешките ситуации, без да помислат да се откажат, а ова е лекција што можат да им ја пренесат на Скорпиите.

Скорпиите, пак, знаат дека за некои работи се потребни трпеливост и паметно планирање – нешто што им недостасува на нетрпеливите Бикови.

Двата знака совршено се надополнуваат со спротивните карактеристики, а токму поради ова привлечноста помеѓу нив е неизбежна.

Близнаци и Стрелец

Близнаците и Стрелците имаат потполно различни карактери, но можат да се разберат многу добро.

Ова меѓусебно разбирање ја прави нивната врска мошне силна.

Покрај тоа, Близнаците и Стрелците можат да бидат многу добри пријатели – нешто што е важно помеѓу партнерите.

Некогаш Близнаците можат да кажат по некоја лага, додека Стрелците се брутално искрени.

Поради ова, одвреме-навреме може да настанат конфликти, но и двата знака знаат како да се справуваат со нив, без да го повредат другиот.

6-astroloshki-parovi-koi-se-potpolna-sprotivnost-no-se-privlekuvaat-02.jpg

Рак и Јарецот

И Ракот и Јарецот се успешни личности кои ги сакаат животните промени. Па, можат многу да се поврзат преку ова.

Разликата помеѓу ни е тоа што Раковите обично се екстроверти, додеа Јарците настојуваат да бидат интроверти.

Па, додека Ракот го учи Јарецот да биде поотворен, Јарецот го учи Ракот дека некогаш е во ред и да забави.

Истовремено, смирениот Јарец може да му помогне на Ракот да се справи со честото променливо расположение.

Лав и Водолија

Лавот сака да биде во центарот на вниманието и да има контрола над сè, додека за Водолијата важи потполно спротивното.

Водолијата ја сака спонтаноста и може да го научи Лавот да ја цени непредвидливоста на животот.

Во односот со другите, Лавот е повоздржан, но на Водолијата не ѝ е проблем да ги покаже своите чувства.

Истовремено, Лавот премногу се грижи за туѓото мислење, додека Водолијата може да го научи да не биде опседнат со тоа.

Со сето ова, овие два знака одлично се надополнуваат, иако се потполно спротивни.

Девица и Риби

Генерално, Девиците се воздржани луѓе, додека Рибите се можеби најотворениот знак кога станува збор за нивните емоции. А, се привлекуваат едни со други токму поради ова.

Иако Девиците и Рибите секогаш имаат различни грижи и проблеми, најважното е дека секогаш се поддржуваат едни со други.

Ако едниот знак не може да се справи со нешто, другиот е овде за него, без исклучоци.

Некогаш овие разлики можат да предизвикаат напнатост, но ова не трае долго.

Она што е слично помеѓу нив е грижливоста што ја покажуваат кон партнерот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg