Љубовен хороскоп за јануари 2023: Лавови – врски со повеќе личности, Риби – новата љубов ќе ви донесе непријатности
Вага
Ако сте во врска:
Често ќе отсуствувате заради обврските, па тоа може да направи партнерот да се чувствува осамено. Дополнително нема да помогне и тоа што кога и да бидете заедно, ќе се чувствувате уморни и напнати, а можни се и импулсивни испади во секој миг кога саканата личност ќе побара од вас да обрнете внимание и на нејзините потреби. Не заборавајте кој ви е поддршка, бидејќи ќе дојде до заладување на односите. Особено треба да бидете внимателни кон средината на месецот и да избегнувате кавги и расправии, затоа што во тој период и двајцата ќе бидете мошне напнати. Ќе сфатите дека ви е потребно некое кратко патување за да ги подобрите односите и да најдете повеќе време еден за друг.
Ако сте слободни:
Се двоумите дали да влезете во нова емотивна врска. Ви се допаѓа некоја личност со која имате некој контакт, но неодлучни сте затоа што истовремено чувствувате дека иако постојат многу работи кај неа што ви се привлечни, исто така постојат и голем број работи што ви се одбивни. Можно е во еден период да почнете да се зближувате, а потоа да одлучите дека е време да почнете да се повлекувате.
Скорпија
Ако сте во врска:
Многу повеќе сте расположени за разговор од вообичаено и сакате времето со партнерот да го поминете во забавна атмосфера со постојано дофрлање шеги и вицеви. Токму за време на тие опуштени разговори ќе дознаете нешто повеќе за потребите и за очекувањата на саканата личност, а во втората половина од месецот ќе се обидете да ѝ ги исполните желбите.
Ако сте слободни:
Личноста со која што сакате да започнете врска ви делува премногу несериозно затоа што постојано е подготвена за забава и дружење. Ви се чини дека таа воопшто не ве забележува и не е заинтересирана за врска со вас, но ако погледнете подобро ќе сфатите дека вие не сте ги забележувале суптилните сигнали што таа ви ги праќа. Сепак, ви се препорачува добро да размислите и да ја запознаете личноста пред да избрзате и да започнете нова врска.
Стрелец
Ако сте во врска:
Јануари ви нуди голем број можности да ги подобрите односите со партнерот и да се договорите за тоа како ќе ги поминувате заедничките мигови. Ќе уживате во разговорите на разни теми, а најмногу ве исполнува разменувањето идеи за остварување на заедничките цели. Можно е да испланирате некое заедничко патување кон средината на месецот каде што ќе можете во целост да се посветите еден на друг.
Ако сте слободни:
Месецот ќе го посветите на излегувања и забава. Една личност ви се допаѓа, а друга ви се додворува. Можно е да се најдете во неочекувани ситуации, а веројатно е да одлучите со некои личности да имате авантура за една ноќ, за потоа да се чудите што било она што воопшто ве привлекло. Новите врски се нестабилни и потребно е напорно да работите, ако сакате да почнете нешто сериозно.
Јарец
Ако сте во врска:
Во првата половина од месецот преовладува напнатост и нестабилност со партнерот. Очекувајте недоразбирања, напнати односи и бурни емотивни расправии. Втората половина од месецот ќе ја искористите за да најдете заеднички прифатливо решение и да ја намалите напнатоста меѓу вас. Немојте да премолчувате кога нешто не ви се допаѓа, ниту пак да криете тајни. Само со отворен и искрен разговор ќе успеете да ги надминете сите недоразбирања.
Ако сте слободни:
Обидете се да бидете поупорни во освојувањето на личноста што ви се допаѓа, затоа што површниот и внимателен пристап може да останат незабележани. Воздржете се од празни разговори и покажете се на дело – само така ќе успеете да ја освоите личноста што долго време ви се допаѓа. Очекувајте дека симпатијата ќе ве стави на низа тестови, каде ќе треба да се докажете за да можете да започнете нова врска.
Водолија
Ако сте во врска:
На партнерот особено му се допаѓа кога сте комуникативни и полни со иницијатива. Ќе се обидете да најдете нови заеднички интереси и ќе се посветите на остварување на заедничките цели. Овој месец ќе биде поволен на емотивен план, затоа што врската ќе ви биде исполнета со согласност и разбирање.
Ако сте слободни:
Сакате често да излегувате, да се забавувате и да се дружите. На некоја таква забава можно е да запознаете некоја личност што веднаш ќе ви се допадне и која ќе сакате да ја освоите. Кај неа ќе ве привлече нивниот интелект, но обидете се премногу да не ја идеализирате и да бидете реални.
Риби
Ако сте во врска:
Во прв план ви е преуредувањето на домот и ќе бидете среќни што со партнерот се сложувате на таа тема и полни сте со ентузијазам. Од средината на месецот ќе поминувате повеќе време заедно, а може да одлучите да заминете на одмор или патување. Исто така ќе имате поголем број излегувања и дружења со заедничките пријатели.
Ако сте слободни:
Ќе започнете врска со некој што веднаш ќе ве привлече и што кај вас ќе ги разбуди страстите, но може да се случи да се покаже дека тоа е проблематична личност што е подготвена да ве става во непријатни ситуации. Најверојатно тоа ќе биде личност со силни страсти, немирна и склона себеси и на другите да им прави проблеми. Ќе се обидете да ја прекинете оваа врска но тоа нема да ви биде лесно затоа што привлечноста е мошне силна.
Б. С. Б. | Црнобело