Љубовен хороскоп за јануари 2023: Лавови – врски со повеќе личности, Риби – новата љубов ќе ви донесе непријатности

Кому јануари ќе му донесе незаборавни мигови на љубовен план, а кој ќе треба да покаже поголемо трпение и да се воздржува од кавги и конфликтни ситуации ако сака да ја зачува врската? Каков ќе биде првиот месец од 2023-та на љубовен план?

ljuboven-horoskop-za-januari-2023-lavovi-vrski-so-povekje-lichnosti-ribi-novata-ljubov-kje-vi-donese-neprijatnosti-01.jpg

Кај голем број од хороскопските знаци што се во врска ќе преовладува напнато расположение, а некои ќе мора да покажат дека се подготвени да направат компромис.

Слободните претставници на некои знаци ќе се обидат годината да ја започнат со нова врска и освојување на личноста што им се допаѓа, а други ќе сакаат да започнат само минлива авантура, но неочекувано кај нив ќе се развијат чувства и желба за сериозна врска.

Дали ѕвездите ви се наклонети на љубовен план во јануари 2023-та?

Овен

Ако сте во врска:

Заради големиот број обврски на работното место нема да имате премногу време за партнерот и за емотивниот живот, што негативно ќе се одрази на ова поле. Обидете се да не ги занемарите во целост обврските во домот, разговарајте со партнерот и побарајте од него да има поголемо разбирање за тоа со што се соочувате. Веќе во втората половина од месецот ќе се растоварите од обврските и тоа ќе ви овозможи подобрување на односите со партнерот.

Ако сте слободни:

Ќе успеете да го привлечете вниманието на некоја личност што ви се допаѓа така што ќе знаете во секој момент да ги најдете вистинските зборови, да ѝ дадете комплимент, да ѝ го свртите вниманието кон сопствените квалитети. Но, обидете се да не брзате и не се обидувајте по секоја цена да бидете забележани. Ако настапите премногу насилно и агресивно, голема е веројатноста да ја оттурнете личноста од себе.

Бик

Ако сте во врска:

Напнати сте и чувствувате некој немир, а тоа може да предизвика нестабилност во односот со партнерот. Очекувајте посериозни недоразбирања и расправии, а потребно е да бидете подготвени на компромиси и да му посветите повеќе внимание на семејството. Најверојатно ќе имате искрени разговори со партнерот за тоа што треба да направите за да ги подобрите односите и да се ослободите од она што ви создава напнатост во врската.

Ако сте слободни:

Лесно се вљубувате и ве обземаат силни страсти што на мигови не можете да ги контролирате. Можно е да имате бурна авантура или да започнете врска со некој, но љубомората и посесивноста да ви бидат голем проблем. Ќе биде потребно да го контролирате сопственото променливо расположение и силните страсти за да успеете да ја зачувате врската и да не дозволите пламенот помеѓу вас да згасне брзо, како што започнал.

Близнаци

Ако сте во врска:

Понекогаш е убаво да ѝ дадете комплимент или некој мал подарок на личноста со која сте во врска и да ѝ покажете дека ја цените и ја почитувате. Ќе биде потребно да покажете поголема иницијатива за остварување на заедничките цели и за изнаоѓање решение за сите предизвици со кои се соочувате. Во втората половина од месецот ќе запловите во помирни води и ќе поминувате повеќе време со партнерот и ќе се посветите на тоа да внесете нешто ново во врската, а можно е да одлучите да заминете и на некое заедничко патување.

Ако сте слободни:

Склони сте кон тоа да ја идеализирате личноста што ви се допаѓа и да не забележувате некои важни детали. Можно е да тргнете да ја освојувате симпатијата со сите сили, водени од сопствените големи очекувања и на крај да бидете разочарани кога ќе сфатите дека вашиот пристап ѝ е одбивен. Обидете се добро да ја согледате ситуацијата и да не бидете премногу агресивни со освојувањето.

Рак

Ако сте во врска:

На повидок се недоразбирања со партнерот поврзани со заедничкиот живот, а на мигови ќе ви се чини дека е невозможно да разговарате и да постигнете каков било компромис. Иако ќе преовладува напнатост, обидете се да не влегувате во отворен конфликт, а добро ќе ви дојдат и советите од пријателите или од некоја личност на која ѝ верувате. Проблемите ќе ги решите во втората половина од месецот, а ќе почнете да се трудите да најдете повеќе време за дружба со партнерот, па можно е да одлучите на некое кратко патување.

Ако сте слободни:

Ќе ве води засиленото либидо, па многу е веројатно да барате некоја авантура во која физичкиот контакт ќе биде во прв план и нема премногу да размислувате за иднината. Но, постои веројатност да започнете таква авантура и кај вас да се развијат чувства за личноста која нема да ви ја возврати љубовта, а вие нема да знаете како да ги изразите сопствените чувства. Ако сакате од тоа да произлезе сериозна врска ќе мора да се вложите многу труд.

Лав

Ако сте во врска:

Партнерот е повлечен и нерасположен, па заради тоа кај вас се јавуваат сомнежи дека тој крие нешто од вас. Доколку се обидете премногу да го притискате за да дознаете за што се работи можете значително да ги влошите односите, иако откако ќе ви се довери, ќе сфатите дека проблемите воопшто не се на емотивен план. Ќе треба да покажете дека сте подготвени да му бидете поддршка и да бидете тука за него, по што вашата врска ќе стане посилна и ќе постигнете напредок во остварувањето на заедничките цели. Потребно е да најдете време за повеќе заеднички излегувања и имате почести активности заедно.

Ако сте слободни:

Ви се допаѓаат повеќе личности и не сакате да губите време па ќе им се додворувате на сите истовремено. Може да ви се случи да влезете во две или повеќе паралелни врски, што на почеток ќе ви изгледа забавно, но брзо ќе сфатите дека не можете долго време да седите на два стола. Ако ја одложувате одлуката да ставите крај на оние врски што не ве исполнуваат може да ја загубите и личноста што навистина ви се допаѓа.

Девица

Ако сте во врска:

Потребно е отворено да разговарате со партнерот за да утврдите што треба да направите за да имате поголем напредок во врската. Ќе бидете изненадени затоа што партнерот размислува слично како вас за заедничките цели во наредниот период. Ви годи времето поминато заедно со партнерот, но потрудете се да излегувате повеќе за да ја избегнете монотонијата во врската што може да предизвика заладување на страстите.

Ако сте слободни:

Ќе го направите првиот чекор за да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Можно е конечно да соберете храброст и да започнете разговор, но и да покажете иницијатива, а позитивниот одговор ќе ве охрабри да почнете да поминувате повеќе време со таа личност и да се зближувате. Можно е да донесете одлука за започнување врска, но брзо да се премислите затоа што ќе ви се чини дека личноста бара премногу од вас и ви врши притисок. Ќе бидете незадоволни и постојано ќе чувствувате дека врската ви „виси на конец“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg