Еротски хороскоп за 2023-та година: Ваги – игри на доминација, Водолии – нема потреба да се срамите од своите фантазии
Рак - По природа сте емотивни и потребно ви е да имате длабоки чувства за партнерот, но во 2023-та ќе бидете многу повеќе сконцентрирани на интимното задоволство и на тоа што партнерот може да направи за да се чувствувате исполнето.
Кој може да очекува оваа година да ги исполни сопствените еротски фантазии и соништа, а кој ќе излезе од врските што правеле да не се чувствува исполнето?
Детален еротски хороскоп за 2023-та година:
Овен
Во 2023-та ќе треба да дадете приоритет на сопствените сексуални потреби. Во периодот околу март, ќе бидете посебични од вообичаено и многу повеќе ќе бидете сконцентрирани на сопственото задоволство.
Во периодот од мај до јуни ќе зрачите со самодоверба па може да очекувате во овој период да имате уште позасилено либидо, но планетата на љубовта Венера нема премногу да ви биде наклонета, така што во овој период можни се поголем број авантури, но не и сериозни врски.
Летото ќе биде ваш период кога ќе се посветите на тоа да не ги повторувате грешките од минатото и ќе се сконцентрирате на тоа да ги подобрите односите со партнерот.
Наесен ќе имате многу поголема желба за тоа да започнете заеднички живот со некого и да се впуштите во посериозна врска.
Бик
За Биковите 2023-та година ќе биде период во кој многу повеќе ќе бидат сконцентрирани на авантури и афери. Во периодот околу март ќе имате мошне засилено либидо и ќе сакате да ги исполните сите еротски фантазии што подолго време сте ги потиснувале.
Во периодот помеѓу април и мај можно е да чувствувате голема несигурност и да бидете резервирани со партнерот, а ќе ви биде потребно да се чувствувате посакувано за да ја поткренете самодовербата.
Во овој период можно е да влезете во некоја врска во која ќе ве водат страстите и либидото, но со завршувањето на летото можно е повторно да се чувствувате несигурно, особено доколку претходниот период сте го поминале во минливи авантури и афери.
Очекувајте дека целиот тој период ќе ви помогне да созреете и конечно да знаете што е она што ви треба од партнерот, па веќе од септември ќе бидете многу позрели и посамоуверени.
Близнаци
Во јануари нема да имате некои сериозни промени на љубовен план и тоа ќе ве натера да почнете посериозно да размислувате за тоа како му пристапувате на сопствениот интимен живот и дали е потребно да направите некои радикални промени.
Веќе во април ѕвездите ќе ви бидат понаклонети и тогаш ќе почнете посамоуверено да ги прифаќате сопствените фантазии и желби и да бидете посигурни за тоа што вие потребно за да се чувствувате исполнети во врската.
Во летниот период ќе бидете решени работите да ги земете во свои раце и да не зависите премногу од другите луѓе за да го добиете задоволството што ви е потребно, а кон крајот на летото ќе донесете одлука да не правите компромиси и да влегувате во врска со луѓе што не ве исполнуваат на секој план.
Ако подолго време сте неодлучни за некои работи на поле љубов, во ноември најверојатно ќе донесете некоја конечна одлука, а овој период може да биде одличен за да ги исполните сите сексуални фантазии и да се посветите на подобрување на односите со партнерот.
Рак
По природа сте емотивни и потребно ви е да имате длабоки чувства за партнерот, но во 2023-та ќе бидете многу повеќе сконцентрирани на интимното задоволство и на тоа што партнерот може да направи за да се чувствувате исполнето.
Годината ќе ја започнете одлучни – знаете што ви треба во врската и ќе бидете подготвени да им се препуштите на страстите.
Во мај можно е да запознаете некоја личност со која ќе имате врска полна со страст и со незаборавни интимни моменти, заради што е можно брзо да одлучите да направите посериозни чекори и да направите свршувачка или да стапите во брак.
Ова ќе биде година во која ќе дадете нова дефиниција на поимот интимност, па дури и оние што се емотивно резервирани можно е да почнат да зборуваат за сопствените најдлабоки фантазии и соништа и да се посветат на нивна реализација.
Лав
Обидете се да останете цврсто на земја и да не фантазирате премногу. Годината ќе ја започнете расположени за флерт, а можно е да започнете врска со некои водени знаци (како Риби), кои совршено ќе ја наполнат вашата потреба за поголема „креативност“ за време на интимните моменти.
Бидете сигурни дека партнерите со кои се впуштате во авантури се подготвени да влезат во сериозни врски, пред да почнете да правите крупни планови за иднината. Освен тоа можно е да станете опседнати со некоја личност што нема да ви ги возвраќа чувствата.
Доколку сакате да влезете во посериозна врска најдобро е тоа да го направите во втората половина од годината, но во овој период ќе треба да им дадете приоритет на сопствените потреби и емоции и да не правите компромиси само за да не останете сами.
Девица
Годината ќе ја започнете со силна желба да влезете во сериозна врска, а во јануари можни се повеќе средби со поранешни партнери, со кои ќе имате можност конечно да расчистите еднаш засекогаш. По ова ќе следува период во кој ќе се чувствувате слободни да се впуштите во нови врски и авантури.
Во периодот на летото ѕвездите ќе ви бидат посебно наклонети за конечно да ја најдете вистинската личност со која ќе можете да им се препуштите на страстите и ќе се чувствувате како да сте на „седмо небо“.
Во септември можно е да почувствувате дека имате намалено либидо, но тоа ќе биде одличен период за да се посветите на другите аспекти од врската и од животот, а годината ќе ја завршите решени да ги исполните сите неисполнети желби и фантазии.