Со каква личност никогаш не треба да стапите во брак, според хороскопскиот знак?

Рибите ќе бидат мизерни со партнер кој нема развиена емоционална интелигенција, додека за Јарците најлош е партнерот кој не ги цени нивните амбиции.

so-kakva-lichnost-nikogash-ne-treba-da-stapite-vo-brak-spored-horoskopskiot-znak-001.jpg

Честопати се фокусираме на тоа која е вистинската личност за нас и кои карактеристики треба да ги поседува.

Но, сте се запрашале ли со каков тип на личност никогаш не би биле среќни?

Со каква личност не би требало да стапите во брак, според вашиот хороскопски знак:

Овен - Некој кој го сфаќа животот премногу сериозно

Најлошиот брачен партнер за вас би била личност која го сфаќа животот премногу сериозно. Некој кој одбива да се забавува и се фокусира само на работните обврски.

Со ваква личност дефинитивно не би биле среќни.

Иако и вие сте одговорна личност за која кариерата е еден од најважните приоритети, сепак сакате и да уживате во животот и не заборавате да одвоите време за забава.

Бик - Некој кој постојано сака да излегува

Веројатно не би биле многу среќни со партнер кој постојано сака да излегува.

Одвреме-навреме и вие сакате да се забавувате, но многу повеќе го цените комфорот на вашиот дом.

Ова ви помага да ги наполните батериите, особено по напорен ден на работа.

Па, ќе ви биде многу подобро со личност која го разбира ова, а не партнер кој постојано ќе ве тера да одите некаде.

Близнаци - Некој кој не ги цени длабоките разговори

Не ви треба да го поминете животот со личност која не ги цени длабоките, интелектуални дискусии.

Вие се зближувате со другите токму преку вакви разговори, па ако партнерот не е заинтересиран за ова, никогаш нема вистински да се познавате.

Вам ви треба личност која ќе ја разбира оваа ваша потреба и со задоволство ќе разговара со вас до раните утрински часови.

Рак - Некој кој не ги почитува вашите граници

Границите се важни во секој однос. Но, за вас се поважни од сè.

Партнерот кој нема да ги почитува вашите граници и кој нема да ги сфаќа сериозно само ќе ве прави гневни и тажни.

Лав - Некој кој има други приоритети освен вас

Вие уживате во туѓото внимание и сакате партнер кој ќе ви го дава токму тоа.

Затоа, не би биле среќни со брачен партнер кој има други приоритети пред вас и вашата врска.

Со ваква личност ќе се чувствувате како да не сте доволно ценети.

Девица - Некој кој си го нема средено животот

Кога станува збор за брачен партнер, особено личност со која би сакале да имате и деца, вам ви треба некој кој си го има средено животот.

Некој со стабилно работно место и некој кој не е заглавен во долгови и проблеми на сите страни.

Во спротивно, само ќе чувствувате презир и бракот ќе биде осуден на пропаст.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg